Помалку јаглехидрати за поздрав живот и полесна тежина

Добивај вести на Viber

Заменете ги јаглехидратите во исхраната. Можно е! Пред сѐ, вкусно е! Јаглехидратите (не сите, туку оние како бело брашно и бел ориз) се штетни, за нашето здравје, но и за физички изглед. Ова сознание е резултат на бројни истражувања. Расте бројот на луѓе кои почнале да сфаќаат  дека  и вагата реагира на намалувањето на маснотиите во исхраната.

Храната со јаглехидрати во деведесеттите е прогласена за главен причинител на бројни здравствени проблеми. Но, не сите јаглехидрати се штетни. Дел од нив  му се неопходни на нашиот организам.

Лошите јаглехидрати (како бели тестенини, леб или ориз) во телото многу брзо се претвораат во масни наслаги. Затоа е подобро да се префрлите на поздрави јаглехидрати, а тоа може да го направите многу лесно. Пробајте некои од овие идеи…


Наместо тестенини – тиквички

Користете ги во сите опции, како замена за шпагети, тесто за пица...


Заменете ги количините на протеини и јаглехидрати

За да се храните поздраво, направете корекција на нивниот сооднос. На пример, наместо да изедете едно јајце со две парчиња леб, изедете две јајца со една парче (по можност црн или интегрален). - Протеините се многу важни за нашето тело. Даваат енергија и заситуваат.


Карфиол како замена за ориз

Карфиолот, слично како тиквичките, има прилично неутрален вкус. Пробајте да го внесете како замена за ориз.


Наместо леб, обидете се со растителни обвивки

Во Јужна Кореја месото од скара (кое го сечат на ситни парчиња) го виткаат со додатоци (пржен зеленчук, печурки, ферментирана зелка, чили паста ...) во лист салата (или лисје со сусам и други билки кои се јадат). Можеби звучи чудно, но всушност е навистина вкусно и многу здраво! Како подлога или обвивка за својот „сендвич“ користете зелена салата, зелка, обарен кељ, блитва или друг зеленчук. А може да ја полните со месо, сирење, друг зеленчук.


Повеќе печурки -Тикви или карфиол наместо компир

Компирот сам по себе не е лош. Но, важно е како се комбинира. Компирот не е во „љубов“ со месо или јаглехидрати, иако е вкусно.


Ако не можете без грицки -изберете пуканки печени без масти

Како пченката, така и пуканките, содржат многу јаглехидрати. Станува збор за комплексни јаглехидрати и намирници со многу влакна. Токму поради тоа  ни помагаат подолго да се чувствуваме сити