„Помислив Таркан е“: Македонскиот актер со фотографија од 2004 година покажа дека дека бил опасен фраер
Го обожаваат затоа што е одличен актер, знае да го насмее народот во театар, но и да го расплаче на филмско платно.
Повеќе е препознатлив по првото, посебно со неговиот стендап кој руши рекорди на посетеност „Широк дијафазон“. Неговото име често се поврзува со најпопуларната манифестација кај нас „Златна Буба Мара на популарноста“.
Сашко Коцев знае како да ги изненади, но и насмее неговите фанови на социјалните мрежи. Објави фотографија која е направена во неговите почетоци, на која изгледа многу помлад, но и со повеќе коса.
„Мојата прва фотка за реклама за Радио Браво Куманово, 2004 година“, напиша Сашко.
Фотографијата собра над 1000 лајкови.
„Јас помислив Таркан е“, „Тука си сериозно шмеќерче“, „Убав тој“, „Што си млад“, се дел од коментарите.
Фото: ФејсбукРЖМ