Понеделнички хороскоп: Несигурност за еден знак
Овен
Денешниот ден генерално не е поволен за поголеми трошоци. Љубоморни сте и ве оптеретува сомнежот кој го имате во партнерот. Наредните период ви носи компликации во врската.
Бик
Ве очекуваат многу драстични промени. Многу работи се менуваат и несигурни сте во својата иднина. Доколку имате партнер, со него ќе успеете да остварите поволен однос во наредниот период.
Близнаци
Пред вас е фаза која може да биде многу поволна. Судбината ви е наклонета засега. На полето на љубовта ве очекува нова средба и познанство со личност која ќе биде оригинална и посебна.
Рак
Ве очекува опуштена фаза. Денешниот ден не ви носи многу промени или обврски. Можете да очекувате дека ќе успеете да направите нешто за да го поправите односот со саканата личност.
Лав
Можете да очекувате нова можност за акција. Пред вас е поволен период за да се определите за промени. Односот со вашиот партнер во голема мера зависи од вашето однесување кон него.
Девица
Ве очекува можност за склопување на нови договори кои ќе бидат значајни на долги стази. Можно е да покажете несигурност во комуникацијата со симпатијата. Понекогаш имате проблеми со самодовербата.
Вага
Ќе успеете да ги остварите своите планови и сте задоволни од себе. Можно е да не сте сигурни во партнерот и често наоѓате причини да се соменевате во неговата искреност.
Шкорпија
За време на денешниот ден ве очекуваат компликации и проблеми кога е во прашање работата. Подготвени сте да и покажете на саканата личност какви ви се намерите кон неа. Пред вас е поволен период за љубов.
Стрелец
Ви доаѓа значајно подобрување во односот со членовите на семејството. Доколку имавте некои проблеми кога е во прашање љубовта, во наредниот период ќе успеете да ги решите.
Јарец
Немате доволно енергија. Денес на некој начин ќе ви биде подобро да одморите. Посветени сте на вашиот однос со саканата личност и важно ви е помеѓу вас да биде се совршено.
Водолија
Ве очекуваат проблеми во комуникацијата со некоја Шкорпија. Постои голема тврдоглавост од двете страни. Поволен ден за нови случувања на полето на љубовта. Подготвени сте за нов флерт.
Риби
Можете да очекувате некој значаен разговор денес. Во новиот партнер ги пронајдовте сите квалитети кои долго ги баравте. Ова е период во кој мечтаете за нешто сериозно.