Понуда од А1 Македонија: Подгответе се за новата учебна година со 20GB интернет и нов таблет

Во пресрет на новата школска година, овој септември родителите покрај неопходниот училишен прибор се во потрага и по најдобро решение за онлајн настава за нивните деца. Од 1 октомври секој уред во домаќинството како и секој гигабајт интернет ќе бидат искористени до максимум. Водени токму од оваа потреба, А1 Македонија им нуди на своите корисници интернет тарифа А1 Mobile Net со 20GB супер брз мобилен интернет со бесплатен таблет, за само 499 денари месечно.

A1 Mobile Net е идеално решение за онлајн настава на децата или едноставно за користење на мобилен интернет преку таблет, кој може да се употребува од било каде и било кога. Користењето е едноставно со вклчување на таблетот на кој преку СИМ картичка се овозможува пристап до интернет секаде низ земјата.

Со тарифата A1 Mobile Net, корисниците можат да одберат уред: тоа Alcatel Tablet 3T 8" за 0 денари илиAlcatel Tablet 3T 10" на 24 месечни рати од само 199 денари месечно. Понудените уреди се едноставни за користење и претставуваат идеало решени за следење на видео содржини што им овозможува на децата да ја следат онлајн наставата оваа година. Покрај едноставната употреба, таблетите им овозможуваат и флексибилност во однос на местото на следење на наставата.

Понудата е промотивна и важи со склучување договор на 24 месеци а корисниците можат да добијат повеќе информации на a1.mk или на 077 1234.