Поради ќерка ми Јелена никогаш повторно не се омажив: Животната приказна на Дивна Карлеуша

Познатата новинарка и водителка Дивна Карлеуша која почина пред две години, во едно од нејзините последни интервјуа ја раскажа својата животна приказна, од љубовните врски со постари мажи од кои ја доби ќерката Јелена, до работата на Радио 101.

- Уште во средношколските денови победував на натпревари во рецитирање, но и во пишување песни. Сакав да се запишам на Ликовна академија бидејќи одлично цртав, но не ме примија. И денес сликањето ме опушта, па знам да си сварам кафе, да пуштам музика и по цела ноќ да бојам на платното. Инаку, се запишав на Правен факултет, но не го завршив. Се заљубив, се омажив и станав мајка - раскажуваше Карлеуша.

Првата голема љубов ја запознала на 17 години. Драган ѝ бил сосед и 11 години постар од неа. Се забавувале три години, а потоа одлучиле да се венчаат кога Дивна останала бремена.

- Јелена е плод на љубовта бидејќи тинејџерските љубови се најсилни. Подоцна во животот имаше и побурни и можеби поубави, но така искрени врски никогаш - откри таа во една прилика.

Како новинарка и водителка, Дивна Карлеуша првите чекори во професијата ги направила во информативната редакција на Радио 202. Подоцна повеќе била фокусирана на естрадните случувања.

- Имав работа која ми причинуваше задоволство, но и голем замор. Кога работев, Јелена ја чуваа мајка ми и тетка ми. Не беше темпото на работа причина за мојот развод. И мојот поранешен сопруг имаше специфично занимање. Звучи како фраза, но некомпатибилноста на нашите карактери доведе до разидување по седум години заеднички живот. Сфативме дека подобра варијанта е добар развод отколку лош брак. Денес тој има прекрасен брак, преубава жена и два сина кои се преслатки - објасни Карлеуша во едно интервју.

На постари години, Дивна стекна и ТВ-популарност учествувајќи во повеќе реални шоуа, меѓу кои се „Големиот брат“ и „Парови“. Почина по кратко боледување, а нејзината ќерка Јелена не може се уште да ја преболи.