Поради љубов се откажа од кралската титула: Јапонската принцеза се омажи за обичен човек и ги изгуби сите привилегии

Кралскиот двор објави дека датумот на венчавката ќе е 26-ти октомври.

Јапонската принцеза Мако се откажа од еднократна исплата од еден милион долари поради откажување од кралскиот статус со цел да се омажи за колега од колеџ, објавија јапонските медиуми, а пренесе Си-Ен-Ен. Принцезата Мако, 29-годишната внука на поранешниот император Акихито и нејзиниот поранешен колега од колеџот, Кеи Комуро, се верија во 2017 година.

Свадбата беше одложена неколку пати, а сега конечно е потврден датумот - 26 октомври. Се очекува двојката да се пресели во САД по венчавката, каде Комуро работи како адвокат. Локалните медиуми често известуваат за настани поврзани со нив, пренесува Би -Би -Си. Медиумското покривање на неа и семејството на Комур со текот на годините предизвика принцезата да започне да страда од посттрауматско стресно нарушување, објави Агенцијата на кралскиот двор.

Да потсетиме, јапонската монархија се смета за најстара во светот и се придржува до строгите правила и закони кои бараат принцезата, во случај на брак со обичен граѓанин, да мора да се откаже од кралскиот статус. Во замена за откажување од кралскиот статус, членовите на јапонското кралско семејство имаат право на еднократна готовина. Принцезата Мако требаше да добие до 150 милиони јени (1,35 милиони долари) поради напуштање на владејачкото семејство, од кое таа се откажа.

извор:stil.kurir.rs

фото:PROFIMEDIA

Ако се омажи ќе ѝ биде одземен статусот: Јапонската принцеза ја одложи венчавката, татко ѝ пресреќен