Поранешна Мис на Америка се самоуби на 30 години: Неколку часови пред смртта остави порака на Инстаграм

Чесли Крист (30), поранешна мис на Америка, се самоубила вчера скокајќи од зградата во која живеела - полицијата потврдила, а пренесува „The Post“.

Непосредно пред да се самоубие, Крист на својот Инстаграм објави: „Овој ден нека ви донесе почивка и мир“.


Победничката на натпреварот за Мис во 2019 година, според професија адвокат, скокнала од својата луксузна Орион зграда од 60 ката и била пронајдена мртва на улицата долу.

„Таа ги инспирираше другите ширум светот со својата убавина и сила. Се грижеше, сакаше, се смееше и блескаше. Чесли ја отелотворуваше љубовта и им служеше на другите, било преку нејзината работа како адвокат за социјална правда, како Мис на САД и како водител во Екстра“, изјави нејзиното семејство.


Крист, која живеела на деветтиот кат од зградата, била сам кога скокнала и последен пат била видена на терасата на 29-ти кат, велат изворите. 

Изворите велат дека Крист зад себе оставила порака во која вели дека сака да остави сè на нејзината мајка, поранешна Мис натпреварувачка која беше крунисана за Мис Северна Каролина во 2002 година. Пораката не содржела мотив за одлуката на Крист да си го одземе животот.

Инаку Крист ги освои највисоките медали на изборот за Мис на САД 2019 година, а работеше и како репортер за „ЕкстраТВ“.


 „Нашите срца се скршени“, се вели во соопштението на телевизијата.

„Чесли не беше само витален дел од нашето шоу. Таа беше омилен дел од нашето семејство Екстра. Нашето најдлабоко сочувство до нејзиното семејство и пријателите“, соопштија тие.

извор:blic.rs
фото:instagram