Поранешната катарска принцеза пред смртта го опиша животот во златен кафез: „Ме заведе иако беше 28 години постар, а потоа ја натера нашата ќерка да спие во неговиот кревет“

Добивај вести на Viber

Касија Галанио, поранешната сопруга на катарскиот принц Абделазиз бин Калифа ал Тани, беше пронајдена мртва минатиот јуни во нејзиниот дом во Марбела, јужна Шпанија, а сега се појавија детали за нејзиниот „живот во златен кафез“

Според француските медиуми, телото на Касија Галанио го пронашла полицијата откако нејзината најмлада ќерка ги алармирала бидејќи нејзината мајка не одговарала. Се верува дека причината за смртта е предозирање со наркотици.

Поранешната принцеза од Катар, која беше пронајдена мртва во нејзиниот дом во Марбела поради сомнително предозирање, ја раскажа приказната за својот „кошмар“ живот како дел од кралското семејство само неколку недели пред нејзината смрт.

View this post on Instagram

A post shared by @kashounia


Принцезата Касија Ал Тани (45), третата сопруга на милијардерот Абделазиз бин Калифа Ал Тани (73), опиша колку е предизвик транзицијата од растење во нормален дом во САД до приклучување кон кралското семејство, додавајќи дека „повеќе пари значи повеќе проблеми“.

Таа рече дека се омажила за принцот откако тој ѝ се додворувал кога таа била 19-годишна студентка во Париз и покрај нивната 28-годишна разлика во години. Двојката има три ќерки.

Сепак, нивната романса заврши и парот се раздели во 2007-ма година, пред разводот да ја принуди поранешната принцеза, сега позната како Касија Галанио, да го продаде својот накит за да врзе крај со крај.

Принцезата која водеше луксузен живот, се дружеше со холивудските ѕвезди и има половина милион следбеници на Инстаграм, со години беше во жестока битка за старателство со поранешниот сопруг.

За време на судењето, нејзиниот поранешен беше обвинет за сексуална злоупотреба на една од ќерките - што тој го негираше.

Неколку недели пред смртта, Касија проговорила за турбулентниот однос со поранешниот министер за нафта и финансии во Катар, пишува „Дејли мејл“.

Таа во интервју на 17-ти април изјави дека нејзиниот сегашен живот е како да живее во „златен кафез“, сакајќи слобода од нејзиниот поранешен сопруг, за кој тврди дека одбива да плати алиментација.

- Парите се проколнати затоа што те изолираат од многу луѓе, тоа е друг свет - рече таа.

Поранешната принцеза откри дека морала да го продаде својот накит поради долгиот и горчлив развод, иако живеела во луксузна вила во Марбела.

View this post on Instagram

A post shared by (@dukefrank)


 - Ал Тани сакаше да ме контролира преку децата – додала таа.

Таа зборуваше и за тоа како се заљубила во принцот додека студирала во Париз и покрај 28-годишната разлика во годините.

- Сакав да се грижам за него, сакав да бидам тука за него бидејќи беше осамен. Сепак, сакав да го живеам животот, бев многу млада кога имав деца, а тој веќе го имаше завршено тој период од животот – изјави таа.

View this post on Instagram

A post shared by @kashounia


Нејзиниот поранешен беше обвинет дека сексуално нападнал една од нивните ќерки и ја принудил да спие во неговиот кревет.

– Моќта, дипломатскиот имунитет и парите не треба да дозволат работите да се прават надвор од законот. Се надевам дека не е вистина, но ѝ верувам на ќерка ми – рекла таа.

„Le Parisien“ објави дека на 19-ти мај судот во Париз ги одбил нејзините барања за притвор. Таа неодамна помина неколку месеци во болница, каде наводно се лекувала од нервен слом.

Извор: zena.blic.rs