Поранешната ураганка Сања Вучиќ прв пат проговори за болеста: Сè ми се собра, пијам терапија и се лекувам

Добивај вести на Viber

Неодамна на гостувањето во емисијата „Магазин Ин“, поранешната ураганка и една од најдобрите вокали во Србија, Сања Вучиќ изјави дека постојано е незадоволна од својот изглед. Како што вели тоа најверојатно се должи на проблемите со штитната жлезда.

- Незадоволна сум, само затоа што не можам да ослабам! Имав проблем со тироидната жлезда мислам дека тоа е всушност причината за се. Тоа ми се случи затоа што не бев храбра воопшто, не се рекламирав, не зборував за себе, не го искажував своето незадоволство... па се што собирав во себе ме стигна. Најлошо од сè, не знаев дека имам такви проблеми во тоа време. Сега се лекувам и зимам терапија, изјави Сања.

Додаде и дека сето тоа влијаело на нејзината самодоверба.

- Сето ова влијаеше на мојата самодоверба... Тогаш сфатив дека сите негативни коментари што ги добиваме како јавни личности не вредат за стрес. Таа личност ќе ви посвети една секунда, ќе каже нешто лошо или ќе напише и апсолутно нема да размислува за вас повторно. Тогаш нема потреба цел ден да го поминувам нервозна и лута размислувајќи на тоа, рече таа.

За сега проблемот со тироидната е под контрола, а полека почнува и да враќа линијата која ја имаше некогаш. 


Фото:Sanjavucic/Instagram