Поранешниот ја криел од сите бидејќи била дебела, а таа му се одмаздила на најдобар можен начин: Ослабела дури 92 килограми

Добивај вести на Viber

Раскинувањето ја натерало да го направи најдоброто нешто за себе...

Саманта Ровлеј од Калифорнија се бори со килограмите уште од детството, па често била малтретирана од нејзините врсници.

Нејзината самодоверба беше целосно уништена пред две години кога нејзиниот тогашен партнер ја оставил преку социјалните мрежи, објавувајќи фотографии со друга.

Не можела да поверува дека тоа и се случува, но многу брзо решила тешката животна ситуација да ја претвори во лекција и мотивација.

View this post on Instagram

A post shared by Sammi Anderson (@therealslimsammii)



- Бевме заедно година и пол, но никој не знаеше бидејќи секогаш ме криеше. Се чувствував многу лошо во таа врска, постојано се трудев да го направам среќен, а се запоставував себеси. Кога ме изневери и го објави на социјалните мрежи, сфатив дека морам да се посветам на себе – изјавила таа.

Таа решила да му се одмазди на најдобар можен начин - со слабеење. Истата година направила и абдоминална липосукција, но вели дека тоа била одлична инвестиција на пари бидејќи сега конечно е среќна.

View this post on Instagram

A post shared by Sammi Anderson (@therealslimsammii)


Додека навечер одеше во ресторани за брза храна, сега има разновидна и здрава исхрана, а редовно тренира. Со новиот начин на живот ослабела дури 92 килограми - сега има 72 .

- Сега сфаќам колку претходно бев несреќна и незадоволна од мојот живот. Конечно сум среќна и позитивна - вели Саманта, која сега конечно може да си игра повеќе и да и се посвети на својата 11-годишна ќерка - нејзината тежина повеќе не ја спречува во тоа.


Foto: Instagram printscreen