Поранешниот вереник на Џенифер Лопез има нова девојка: Алекс Родригез во љубов со русокоса убавица (ФОТО)

Џенифер Лопез му се врати на поранешното момче, но и Алекс Родригез не остана сам.

Поранешниот вереник на Џеј Ло, Алекс беше фотографиран на Ибица каде се забавуваше со русокоса убавица за која се тврди дека е неговата нова девојка, а станува збор за атрактивна спортска репортерка Мелани Колинс.

Странските медиуми веќе на големо објавија за русокосата која го освои неговото срце по раскинувањето со Џенифер Лопез, и иако не ја потврдија врската, Родригез не се разделува од неа.

Дали е тоа вистинска љубов или само за инает на џеј Ло, бидејќи, според извори блиски до поранешниот бејзбол играч, тие тврдат дека се уште не му е јасно како пејачката можела да поита толку брзо во прегратките на Бен Афлек.

Исто така, тој беше фотографиран со Мелани за време на викендот, на неговата јахта во Сент Тропе, каде таа го привлече вниманието во сино бикини, а фотографиите ги објави „Дејли мејл“. Интересно е што во тој момент, Џенифер го прославуваше својот роденден со Афлек на истата локација.

Папараците потоа ги фатија како ги пакуваат куферите во автомобил и заедно ја напуштаат Ибица.

Колинс работи за телевизиската компанија „Си -Би -Ес“, каде што е задолжена за гледање на НФЛ лигата, и иако Алекс е поранешен бејзбол играч, странските медиуми заклучија дека ги поврзува нивната љубов кон спортот.

Љубителите на американскиот фудбал ја обожаваат Мелани, а таа е и голема sвезда на Инстаграм, каде има речиси 90.000 следбеници со кои редовно ги споделува своите атрактивни фотографии.

Да потсетиме, кон средината на април, Родригез и Џенифер објавија дека нивната љубов завршила по нешто повеќе од четири години, од кои две беа верени. Таа се врати на својата стара љубов, актерот Бен Афлек, веднаш по раскинувањето.

извор:kurir.rs
фотографии:PROFIMEDIA

По разделбата со Џенифер Лопез, живее со полни гради: Алекс Родригез направи незаборавна забава за 46-тиот роденден

Џенифер Лопез едвај се „одлепи“ од Бен, но детаљ околу вратот покажува колку е луда за него