Џенифер Лопез едвај се „одлепи“ од Бен, но детаљ околу вратот покажува колку е луда за него

Добивај вести на Viber

- Колку знае таа Џенифер да влезе под кожата - коментира еден обожавател

Американската пејачка Џенифер Лопез (52) беше фотографирана како шопингува во Монако, а по тој повод носеше ѓердан со името на нејзиното старо ново момче Бен Афлек.

Имено, Џеј Ло носеше ѓердан на кој стоеше натписот „BEN“, а сите коментираа дека таа знае како да се најде под кожата на мажите. 

- Колку таа Џенифер знае да влезе под кожата, како никогаш порано да не сакала никого - коментира еден обожавател.

Инаку, ова е прв пат за неколку дена пејачката да се фотографира без актерот, од кого буквално не се одделува. 

На почетокот, латино дивата вешто ги криеше шпекулациите и вистинската природа на нејзината врска со Бен, но не им требаше долго на папараците да ги фотографираат во страсни бакнежи.

Имено, иако папараците ги сликаа неколку пати, тие не се рекламираа во јавноста, но тогаш пејачката објави фотографија за својот 52 роденден, на која го прегрнува актерот, ни помалку ни повеќе, туку на мегајахта.

Роденденот на пејачката го поминаа во Сен Тропе, а папараците постојано ги фотографираа како се бакнуваат и гушкаат на споменатата јахта, која има 4 ката.

Да потсетиме, Бен и Џенифер започнаа да се забавуваат уште во 2002 година, наскоро се свршија и требаше да се венчаат во септември 2003 година. Сепак, тие раскинаа на почетокот на 2004 година.

Нивната хемија се чини дека е посилна од секој веридба и разделба, па нивната љубов сега цвета во полн сјај.


Фото: Profimedia

Можеби ќе ве интересира:

Класични парчиња со тренди детали: Стајлинг на Џенифер Лопез кој ќе посакате да го ископирате (ФОТО)