Како да сме поминале низ времеплов: Џеј Ло објави фотка со Бен Афлек + „уловени“ на јахта во истата поза како пред две децении

Добивај вести на Viber

Џенифер Лопез деновиве го прослави 52-от роденден, а само со две фотографии повторни го сруши Интернетот и го сврте целото внимание кон себе и нејзиното старо-ново момче, актерот Бен Афлек.

Латино-дивата Џенифер Лопез и актерот покрај тоа што веќе решија да не се кријат, сега изгледа дека одлучиле малку и да не' насмеат.

Најпрво Џеј Ло објави фотка на која се бакнува со Бен, на која собраа над 8.000.000 допаѓања.

Златната холивудска двојка  пред повеќе од 17 години, од почетокот на 2000-тите, привлече големо внимание на медиумите и публиката, а лудилото за врската помеѓу Џенифер Лопез (52) и Бен Афлек (48) не е ништо помалку и денес!

Кога првпат беа во врска - од 2002 до 2004 година - папараците ја следеа во чекор славната двојка до таа мера што не ги испуштаа од вид, па дури и во видеото на Џенифер за песната „Џени од блокот“, во која гледаме сцена во која фоторепортерите ги фотографираат додека се релаксираат на јахтата, Џеј Ло лежи на стомак, додека Бен Афлек ја гали по задникот, а сега - веројатно не случајно - направена е повторно истата ваква „сцена“ и папарацо фотка.


Имено, двојката деновиве престојуваше на луксузна јахта, на која пејачката и актерка го прослави својот 52 роденден, а папараците го овековечија моментот кога Бен и Џеј Ло беа во позиција како на познатата сцена од видеото пред околу две децении.



извор:GLOSSY