Класични парчиња со тренди детали: Стајлинг на Џенифер Лопез кој ќе посакате да го ископирате (ФОТО)
Латино дивата Џенифер Лопез е сликана во панталони, кои се безвременско парче.
Откако изненади многумина деновиве со појавувањето во зимска комбинација на улиците во Лос Анџелес, Џенифер Лопез овојпат даде до знаење во која сезона сме.
Во друштво на нејзината ќерка Ема, таа прошета по улиците на Лос Анџелес во лежерно издание на спортска естетика, што уште еднаш ја истакна нејзината Љубов кон блескавите додатоци.
Како и многу љубители на модата, и таа самата не можеше да им одолее на панталоните со асиметричен дизајн на струкот, а комбинираше беж модел во форма на торба со бел топ, што вреди секогаш да се има во плакарот.
FOTO: VASQUEZ-MAX LOPES / BACKGRID / BACKGRID USA / PROFIMEDIAВо нејзин стил, 51-годишната латино дива го заврши ова издание со своите омилени додатоци - златни прстени, големи очила за сонце и серија масивни нараквици на рацете.
Благодарение на улогата на лицето на брендот Coach, таа често може да се види со нивните чанти, а овој пат се одлучи за кафеав модел со детали од вратоврски и златен ланец, со кој веќе имавме можност да ја видиме неа.
Поврзани вести:
Стил на денот: Џенифер Лопез во тренди сандали во какви ретко ја гледаме