Пораснав со лута мајка. Ја сакам до небото и назад. Но, јас не сакам да бидам таква мајка!
Да. Јас сум едно од милионите деца кои пораснале со лута мајка. Од викање по мене со истурање на млекото за време на појадокот, до удирање по задник затоа што „дрско одговорив“ и толку силно влечење за раката што ми помодруваше секој пат.
Не можам да кажам дека беше насилник. Таа беше само лута мајка. Лута на ситуацијата во која се нашла. Цел ден на работа, дома има обврски, деца кои се будат навечер, и помош од никаде.
Лута на тоа во што се претвори нејзиниот живот
А ме болеше. И ми тешко беше. И поради сето ова, голем дел од моите детски и тинејџерски денови беа обоени со негативност, ниска самодоверба или едноставно гнев што го изразував надвор од домот.
Затоа што дома не смеев.
А денес? Верувале или не, денес ја разбирам. Ја разбирам 100%. Затоа што и јас имам деца.
Деца кои не спијат, деца кои не јадат, деца кои не слушаат кога треба послушаат од прва. И бидејќи сум осамена, поголемиот дел од денот. И затоа што, осудете ме сега, но затоа што мајчинството е ТЕШКО. Тешко е секогаш да останеме весели, радосни, позитивни, полни со разбирање за децата, кои, ако сме искрени, тоа го заслужуваат.
Штом ќе започне лутината, тешко е да се запре. Многу е полесно да се препуштите на тоа, да дозволите потопот на гнев да се излее од вас. Веќе неколку пати доживеав овој гнев во мене да излезе на површина и да се исфрли врз моите деца.
Но, не дозволувам повеќе. Не ветувам дека ќе успее секој пат. Но, ветувам дека ќе ја вложам сета моја ментална сила за да функционира. Затоа што некогаш бев тоа дете. Јас го живеев тоа. И не сакам моите деца да живеат така. Ниту едно дете на светот не го заслужува тоа.
И да. Мајка ми беше добра мајка. Ни подготвуваше здрави оброци, речиси секој ден не носеше на тренинзи и во парк. Таа знаеше што сакаме и се трудеше да ни го дозволи тоа.
Таа ни читаше приказни, ги канеше нашите другарки и навистина добро се грижеше за нас. Од моето детство имам и прекрасни спомени како двете се смеевме заедно, пиевме топло чоколадо, склопувавме сложувалка, игравме Uno карти. Се чувствував сакано. Искрено и длабоко.
Но, најчесто таа беше лута и дозволуваше тој гнев да го извлече најдоброто од неа. Таа не се бореше.
И не ја обвинувам. Ѝ простувам. Ја сакам без разлика на сѐ - до небо и назад. Но, јас не сакам да бидам како неа.
Лесно е да дозволите гневот да ве надвладее. Во тие моменти кога викате чувствувате и некакво олеснување. Но, тоа значи само едно, мајки. Дека ни треба помош. Тој гнев не можеме да го задржиме во себе бидејќи ни тоа не е решение. Се акумулира, па порано или подоцна ќе избувне, а семејството страда. Мора да ПОБАРАМЕ помош. Од мајка ни, од сопругот, од мојот пријател. Од експертите.
Не живејте во тој гнев, не дозволувајте вашите деца да живеат во него.
Вашето дете ја заслужува најдобрата верзија на мајка.
И што и да е потребно за да го добиете тоа, вреди. Ако треба да останат час или два повеќе во градинка, вреди. Ако треба да одите некаде два-три дена без нив, вреди. Ако треба да разговарате со вашата другарка по еден час на ден или да гледате серија која ве опушта, ВРЕДИ.
Вистина е дека немаме сите баба услуга или можност едноставно да исчезнеме цел викенд. Но, можеме да најдеме мали нешта за да ни го разубават денот.
Пораснав со лута мајка. И одбивам да дозволам моите деца да растат така. Не дозволувајте ниту вие.
извор: лола магазин