Портрет - Милена Антовска Станковска: Кариерата ми почна на нозе во снег, на првиот пролетен ден
Мила, речита и позитивна пред камерите. Милена Антовска Станковска водителката на Канал 5 вели дека за да се постигне тоа потребно е да се биде искрен, чесен и да се работи на себе - да се надоградуваш на секое поле.
Првото појавување пред камерите од оваа дистанца го доживувам како...нешто што дефинитивно ми го промени дотогашниот живот.
Пресудно да останам во телевизја и да се занимавам со оваа професија беше...љубовта кон новинарството, желбата и потребата да се дознае, покаже и докаже вистината и реалноста.
Некои кариери почнуваат на цврсти, некои на убави нозе, мојата почна на...нозе во снег, на прв пролетен ден во далечната 2009 година.
Успехот сегаш е производ на заедничка работа, а тимот со кој соработувам е...најуниктен на свет.Сите сме толку различни, а сепак функционираме долго време.
Надвор од камерите себеси би се опишала како ...непосредна, искрена, вредна, внимателна.
Мојата најголема доблест е ...тие што ме познаваат велат дека тоа би било добрината и позитивноста која ја носам во себе.
Критики прифаќам, но само од одредени личности...критики прифаќам од секој ако истата “држи вода”
Стилот е однос кон животот, најблиските, работата, а не само тоа како ќе се облечеме. Мојот стил на живот би го опишала ...на моменти модерен, ако зборуваме за работата и професионалните обврски. Но, кога станува збор за семејството и децата и нивното воспитување можеби малку старомоден и носталгичен по она некое минато време.
Моето животно мото со кое успевам секогаш да ја сочувам насмевката е...дека додека блиските ми се живи и здрави и се сите на број, никој ништо не ми може.
Битен елемент за целокупниот визуелен впечаток на жената е нејзината посебност, бидејќи секоја од нив има нешто свое, што ако го негува, може да стане препознатлива и интересна. Мојата посебност е во тоа...да си слушам музика во 6 сабајле додека возам накај тв, без разлика дали сум наспана или не, дали сум тажна или весела. Јас секогаш морам да пеам.Тој момент таа пасија си ја негувам. Се трудам и мислам дека успевам да си останам своја и да не се менувам затоа што некој друг така сака, туку ако почувствувам јас потреба да го направам тоа. Се трудам да останам природна во овој свет што се повеќе се менува од ден на ден
Спомените нè топлат одвнатре. Но, во исто време нè распарчуваат. Моите најдраги спомени се поврзани со ...детството, но и со факултетските денови.
Некогаш судбината е како мала бура која оди по нас, постојано. Најтежок период ми беше...За среќа најтешките моменти во животот на еден човек се’ уште не сум ги доживеала. Но, секако дека сум имала моменти кога не ми било лесно.На пример постпородилните месеци. Како и да е тие повеќе би ги сместила во убави тешки моменти
Најважното нешто што го учиме на училиште е дека најважните нешта не можат да се научат во училиште. Моите деца ќе ги учам да бидат...искрени, чесни и вредни. Да се борат во животот, но никогаш на сметка на други луѓе и газење по туѓ грб. Така моите мене ме учеа и бескрајно сум им благодарна
Толеранција, разбирање, взаемна доверба и поддршка е дел од дефиницијата за бракот. Би дополнила...љубов и страст
Кога првпат станав мајка ...немав поим што ми се случува, најискрено.
Раѓањето на втората ќерка ми го промени...животот затоа што сега имам две мали сонца што ме греат.
С.А.Н