Посегна по докажана комбинација: Амал Клуни на црвениот тепих во омилената боја заедно со мајка ѝ (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Познатата адвокатка и сопруга на холивудскиот актер Џорџ Клони, Амал Клуни навистина се погрижи нејзиното појавување на црвениот тепих на The Prince's Trust да не помине незабележано.



Таа е адвокатка за човекови права, сопруга на Џорџ Клуни и мајка на близнаците Александар и Ел, но и ѕвезда на секој црвен тепих на кој ќе се појави. 44-годишната Амал Клуни овојпат беше придружувана од нејзината мајка Барија Аламудин, па не е чудно што двете дами го привлекоа целото медиумско внимание.



Убавата Амал на доделувањето на наградите во Лондон пристигна облечена во тесен црвено-бел цветен фустан, кој одлично ја истакна нејзината витка линија, но и одлично прилегаше и на темната коса. Цветниот дезен, како и црвената боја, инаку се омилени во гардеробата на Амал Клуни, па не е чудно што таа уште еднаш посегна по докажана комбинација.

Фото: Инстаграм

Заедно со фустанот без прерамки, таа комбинираше бели салонки и clutch чанта во иста боја, а на усните нанесе и светло црвен кармин. Нејзината мајка решила да игра на картата на контраст, па блеснала со својата ќерка во бела комбинација - панталони и лелеав горен дел со долги ракави кој и паѓа на рамо.

Помина извесно време откако последен пат ја видовме Амал Клуни на црвениот тепих, а оваа комбинација нè потсети колку од нејзините изгледи и тоалети, кои претежно зрачат со елеганција, ги обожаваме.


Фото: Printscreen Инстаграм