ПОСКАПА ОД ОНАА НА КЕЈТ МИДЛТОН: Еве колку ќе чини венчаницата на Меган Маркл
Меган Маркл и принцот Хари во месец мај ќе стапат во брачните води, а досега во медиумите се појавуваа многубројни гласини за големиот ден.
Секако, освен листата на гости, музичари и процедура, многумина а веруваме дамите најмногу ги интересира изборот на убавата актерка, односно изборот на дизајнер и изглед на нејзина венчаница.
Иако кралското семејство ги сокрило тие информации од медиумите, токму сега, два месеци пред венчавката, во јавноста се појави цената на луксузната креација.
Наводно, венчаницата е скоро два пати поскапа од онаа која ја носеше Кејт на својата венчавка, а да потсетиме дека фустанот е потпишан од Александар Меквин.
Меган е баш како и секоја друга невеста која се подготвува за еден од најважните денови во животот. Венчаницата е многу скапа, и било потребно да се зголеми двојно буџетот за неа, рекол неименуван извор.
Според пишувањата на Мејл онлајн и Холивуд лајф, цената на нејзината венчаница ќе изнесува скоро 400 000 фунти/скоро 556 илјади долари.
И додека многу магазини, посебно модните, безуспешно се обидуваат да дознаат како ќе изгледа невестинскиот фустан, Меган во интервју за Хелоу открила некои поединости ...„Класично и едноставно“ е нејзиниот избор.
-Лично сакам фустани кои се суптило романтични-истакнала таа.