Животна училница // Приказни
ПОСЛЕ „СЕКСОТ И ГРАДОТ“, ОДИ ВО ПОЛИТИКА: Каква амбиција има актерката Синтија Никсон?
- 20 Март, 2018
Синтија Никсон, која на публиката и е позната како Миранда од франшизата „Сексот и градот“ официјално ја најави својата кандидатура за гувернерка на државата Њујорк. Актерката ќе биде во трка против досегашниот гувернер Ендру Куом. Двајцата се демократи.
„Го сакам Њујорк и денес ја најавувам кандидатурата за гувернер“, напишала 51- годишната актерка на својот Твитер.
За неа најважно е образованието, укинување на масовно ставање граѓани во затворите, како и поправање на Њујоршката подземна железница.
„Њујорк е мој дом. Никогаш не сум живеела на друго место. Нешто мора да се промени“ , заклучила Синтија.