Последните зборови на Шабан уште ме болат: Прозборе сопругата на Шаулиќ

Добивај вести на Viber

Поминаа повеќе од три месеци откако познатиот пејач на народна музика Шабан Шаулиќ загина во сообраќајна несреќа во Германија. Деновиве, во српските медиуми се актуелизира прашањето околу неговата наводна тајна банковна сметка во Германија.

Како што пишуваат српските портали, Шаулиќ парите кои ги добивал од бакшишот за време на настапите, ги сокривал на тајната сметка на која сега наводно има два милиони евра. 


Горан Јовановиќ, кој е лице за односи со јавност на семејството Шаулиќ, ги демантираше тие гласини.

„Нема врска со вистината. Шабан немал ниакква сметка, а камо ли тајна“, изјавил Јовановиќ. Дел од медиумите во Белград деновите повторно пишуваат за последните зборови на пејачот пред трагично да го загуби животот. 

„Ти доаѓам утре, и бакни ми ги децата“, била пораката која Шабан ја испратил до неговата сопруга Гордана, неколку часа пред да загине. Неколку дена пред тоа, тој со емотивна порака ѝ го честиташе роденденот на сопругата.

„Неговите последни зборови уштге ме болат“, изјави неодамна сопругата на пејачот која инаку ретко зборува за медиумите. 

„Јас денес ја кревам чашата за сите убави години зад нас, и за сите убави години кои ни претстојат. Среќен ти роденден, сакана моја Гордана“, напишал Шаулиќ кој загина на 17 февруари.