Посна торта со банана: Едноставен рецепт за вкусно задоволство

Добивај вести на Viber

Во време на пост, за да им удоволите на сите во домаќинството и оние кои постат, но и оние кои не постат, потребна е вистинска уметност на готвењето. Сепак, не е сè толку комплицирано, особено кога се во прашање рецептите за слатки. Некои од нив се подеднакво вкусни и прифатливи во посна варијанта, како нашиот предлог денес.

Тортата со банана е особено вкусна, но и примамлива за правење поради тоа што не се пече и се подготвува за многу кратко време.

Состојки:

300 гр мелени посни бисквити

1 литар газиран сок од портокал

3 кесички пудинг од ванила

100 гр посно чоколадо

1 1/2 посен маргарин

3 кесички посен шлаг

5 лажици шеќер

5 поголеми банани

сок од еден портокал

250 ml кисела вода

3 лажици шеќер во прав

Подготовка:

Во подлабок сад ставете ги бисквитите, па додадете го сокот од еден цеден портокал и половина од растопениот маргарин. Земете една третина од смесата, и во неа додадете стопено посно чоколадо. Во тркалезниот калап, прво се става смесата само со бисквити, а преку неа се нанесува смесата со чоколадо и се остава да се стегне.

Во подлабоко тавче ставете го да зоврие газираниот сок, па додадете го шеќерот и растворениот пудинг. Намалете ја температурата и сварете го пудингот со постојано мешање да не се формираат грутчиња. Кога е готов, оставете да се излади. Тортата филувајте ја со смесата.


Извор: www.najzena.rs


*ПР објава