„Не се огласив 4 години, но сѐ си има граници“: Ова е првата изјава на Душко Тошиќ за разводот со Јелена
Поп-пејачката Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ и официјално се разведуваат.
Карлеуша потпишала документи за заеднички развод за што денеска ги
извести своите следбеници на социјалната мрежа Инстаграм.
Документот го потпишала во друштво на нејзиниот адвокат Милан Атељевиќ, а Душко Тошиќ не се појавил, туку испратил овластено лице да го стори тоа наместо него.
Инаку, Тошиќ со години избегнуваше да дава изјави за врската со Јелена Карлеуша, а потоа, кога во мај годинава се појавија пораките на Јелена и адвокатот за разводот, Тошиќ на Инстаграм напиша:
- Дај Боже конечно да решила да се разведеме спогодбено! - напиша Тошиќ, но не застана тука:
- Бидејќи гледам многу лаги од другата страна... 4 години не се огласив за мојот приватен живот, бидејќи мислам дека сум над секоја ситуација, но се‘ си има своја граница, мојата толеранција полека доаѓа до крај, па наскоро ќе ја дадам мојата детална верзија, но се плашам дека медиумите ќе мора да се занимаваат со тоа во следните две години - изјави Душко Тошиќ.
Да потсетиме, Карлеуша тогаш објави преписка со адвокатот на Душко во која пишува:
- Добар ден, имаме ли нови информации на тема развод? Дали си направил план со Душко? Нема повеќе причина за губење време и чекање. Сакам што побрзо да се реши разводот бидејќи Душко 10 дена излегува од дома за да „работи“ како што вели, „работи“ во ноќни клубови и со жени со лоша репутација, што е крајно опасно за мене како јавна личност. Принудена сум да ги прекинам овие приказни во медиумите. Сакам што побрзо да ги одвојам децата и мене од таа лоша приказна, неговото пиење, излегување и сл. Се додека не се создаде поголем проблем. Децата се под постојан стрес и не сакам да продолжам. Дали постои план? – му напишала ЈК, како што пишува таа, на адвокатот на Душко, на што тој одговорил:
- Јелена, има основен план, но морам да потврдам со Душко, кога ќе се врати од Истанбул, па ќе стапам во контакт со колешката со конкретен предлог - ѝ напиша тогаш адвокатот, а Карлеуша инсистираше процесот да биде забрзан.
- Разбирам, но се мора да се забрза бидејќи не сакам животот да се сведе на чекање Душко да... - е дел од пораката, но останатото не се гледа.
Инаку, преписката помеѓу Карлеуша и адвокатот на Душко е создадена на 23.05.2022 година во 9:46 часот.