„Плачевме, Новак сакаше се да предаде“: Јелена Ѓоковиќ отворено за тешкиот период со сопругот

Добивај вести на Viber

Да се ​​биде меѓу најдобрите спортисти во светот секако не е лесно, а и Новак Ѓоковиќ се соочувал со постојани притисоци и предизвици. На патот до успехот, верно го следи неговата сопруга Јелена, која исто така е тука за оние ретки моменти кога Ноле чувствува дека не може да продолжи понатаму.

Еден од тие моменти се случил во 2018 година, кога Новак Ѓоковиќ сакал засекогаш да го напушти тенисот по поразот од Французинот Беноа Пер.

Како што изјави Јелена на новинарот Греам Бесинџер, во тој период нејзиниот сопруг имал чести повреди, а прекинот во соработката со тренерот Андре Агаси негативно се одразил на неговото психичко здравје. Кулминацијата ја доживеал по мечот со Французинот, кога сакалда се откаже од „белиот спорт“.

„Тој ги собра сите членови на тимот и рече: „Знаете што? Јас завршив! Се откажувам!“ Плачевме и му рековме дека не може, дека не е вистинското време. Не сакаше да игра тенис, не сакаше ниту да види како топката поминува покрај него“, призна Јелена.

Но, Јелена знаелашто треба да направи и да се обиде да го врати сопругот на вистинскиот пат. Имено, таа секојдневно ги носела нивните деца Стефан и Тара на теренот да си играат со рекети. Третиот ден се појавил и Новак.

„Виде како се забавуваме и дека ова не е тренинг на кој бил навикнат со години. После ме замоли да му дадам рекет, но јас го задевав дека се откажал и дека сега е наш ред да играме тенис. На крајот сервираше и рече дека се чувствува добро“, рече Јелена и додаде дека оттогаш Новак секојдневно се појавува на теренот со децата и дека конечно му се јавил на тренерот Маријан Вајда и го замолил да продолжи со тренинзите.

Набрзо Ѓоковиќ бил опериран и продолжил да игра тенис без болки. Изгледа дека Јелена точно знаела како да го мотивира својот сопруг кога тој бил во најлошото време и докажала дека може да биде покрај него и во добри и во лоши моменти, пишува Hello.


Фото: Youtube - screenshoot