Постојано гледав што да купам и направам за неговата соба, наместо да уживам со синот: Македонска блогерка призна дека Инстаграмот ја заслепил

Јована Стилиновиќ, графички дизајнер и модел, како и активна мајка блогерка на Инстаграм, откако се породи постојано споделува семејни моменти на својот профил.

- Мотивација во мојот живот ми се Карло и фамилијата - изјави таа неодамна за Женски Магазин.

Карло наполни 10 месеци, а на Јована ѝ заврши породилното отсуство и се врати на работа, па така со своите следбеници сподели дека ќе споделува помалку фотографии од преслаткото синче.

Сепак тоа не е единствената причина за тоа. Имено Јована, која имаше и посебен профил за Карло, сфатила дека сето тоа е премногу, и како што самата вели премногу време губела на сликање, едитирање и организирање на слики, и со самото тоа дозволила Инстаграмот да раководи со нејзиниот живот. 

- Постојано гледав што следно да купам и направам за неговата соба, наместо да уживам. Дозволив Инстаграмот да ме заслепи и многу лошо се чувствував поради тоа. Долго време се обвинував и ми беше криво што времето го трошев на тоа наместо да уживам со Карло. Но среќна сум што набрзо го согледав тоа и го променив- откри Стилиновиќ.

Нејзината целосна исповед може да ја прочитате тука: