Утринско кафе со Јована Стилиновиќ: Мотивација ми се Карло и фамилијата
Денот ми започнува во 07:00 часот кога ќе стане Карло потоа го пресоблекувам, ранам и го оставам да си игра. Додека тој си игра јас доручкувам и го пијам првото утринско кафе во негово друштво. Имам среќа што е мирно бебе и ми дозволува да уживам во првото утринско турско кафе.
Мотивација во мојот живот ми се Карло и фамилијата. Дневните обврски и планови горе доле се исти со оглед дека сум на породилно и скоро поголемиот дел од денот (целиот ден) го поминувам со Карло. Приготвување на храна за Карло, хранење, играње, успивање, дневни прошетки, готвење за мене и сопругот, средување на домот.
Навечер кога ќе заспие прво го средувам домот, а потоа започнувам со работа бидејќи на некој начин ме опушта и тоа ми е и единствено време кога можам да работам.
Доколку немам работа која треба да се сработи тогаш пред спиење гледаме некоја серија или филм со сопругот. Моментално повеќе преферирам и гледам серии, но сакам од оваа година да почнам и со читање на книги.
(*Јована Стилиновиќ- графички дизајнер и модел)