Постојат луѓе кои околу себе шират радост и фала му на животот што такви луѓе постојат
Постојат луѓе кои околу себе шират радост: Каде и да појават, огрева сонце.
Едноставно, спонтано. Каде и да се појават, огрева сонце. И кога си одат, нивната насмевка ко ѕвоно одѕвонува во нашите битија и нивната радост го бара својот дом во нашата душа.
Тие луѓе се такви што покрај нив никој не може да остане недопрен. Како да се изградени од смеа и игра, донесени од некој подобар свет и тие се само добри гости помеѓу нас.
Сериозни се како возрасни и истовремено едноставни како деца. Во својата радост ја пронаоѓаат и својата сила. И за себе и а другите. Тешкотиите не им ставаат намуртеност на лицето. Ведрината е нивното животно мото. Неретко сакаме да бидеме како нив. Или барем да им бидеме добри пријатели за да можеме што почесто да пиеме од изворите на нивната сериозна безгрижност.
А тие се навистина воодушевени.
Од се, баш од се. Звуци, бои, ветер, бранови, листот со есенски топли бои, добра книга, ново запознавање. Па и не знаеш што е најважно за нив.
Или воодушевувањето раѓа радост или нивната внатрешна ведрина раѓа воодушевеност. Како воодушевувањето и радоста да се натпреваруваат, кој попрв ќе дојде до збор.
Фала му на животот што такви луѓе постојат. И опкружете се со што повеќе такви луѓе!