Го избриша поранешниот сопруг од свадбеното видео: Aвстралиската мисица по разводот го шокира светот (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Поранешната Мис Универзум Австралија Оливија Моли Роџерс направи необичен потег по нејзиниот развод. Имено, таа во февруари оваа година по повеќе од четири години врска се омажи за своето момче Џастин Мекин, но парот веќе во октомври стави точка на краткиот брак.

Но, Оливија решила по добро да ја памети својата венчавка и буквално да ги избрише лошите спомени од неа. Таа го контактирала снимачот на венчавката и го ангажирала повторно да ја монтира снимката, но без воопшто да се појави младоженецот.

„Откако завршив со бившиот, мојот љубезен видеограф го монтираше видеото така што на нашата свадба бев само јас, моето семејство и пријателите. Благодарна сум затоа што можам да се сеќавам на овој ден на мој начин“, напиша таа.

@oliviamollyrogers

Since my ex and I broke up, my lovely videographer did an edit of our wedding video that is just me, my friends and family. I am so grateful that I can remember the day in my own way

original sound - Olivia Molly Rogers

На видеото е прикажана неверојатна, многу убава верзија на Оливија на денот на нејзината венчавка, но и трогателниот говор на нејзиниот татко и емотивни моменти со блиски луѓе.

Објавата брзо стана вирална на социјалните мрежи, собра стотици илјади прегледи, а додека некои се воодушевени од потегот на убавата манекенка, многумина тврдат дека тоа покажува колку е повредена и разочарана од пропаѓањето на љубовта и дека не може да го избрише минатото.


Извор: zena.blic.rs