Потроши милиони за пет дена: Детали за луксузниот одмор на Драгана Мирковиќ (ФОТО)
Пејачката Драгана
Мирковиќ е на летување со сопругот. Парот ужива во
луксуз, а колку пари чини едно неќавање и колку чинат други детали од нивниот
одмор откриваат од 24srbija.rs. Истражувањето ви го пренесуваме во целост:
Драгана Мирковиќ и нејзиниот сопруг Тони Бијелиќ во моментов патуваат покрај Азурниот брег. Двојката прво ја посетила Венеција, па го посетиле местото каде што се вериле 22 години порано, а потоа се упатиле кон Сен Тропе.
Драгана и Тони важат за едни од најбогатите парови на естрадата, но за престој во овој луксузен рибарски град во Франција платија прекрасна сума за само пет дена - дури 1.200.000 денари, поточно 20.000 евра. Оваа цена, се разбира, може да биде и поголема, ако ги зеле со нив инивните деца Марко и Мануела.
Во најелитниот хотел на Азурниот брег, Мирковиќ уживала какокралица, а во понудата имала се што ќе посака. Според фотографиите, хотелот зрачи со луксуз, па сè е во мермер, камен и дрво, опремен со уникатен и модерен стилски мебел, базени на секој чекор, а околу зградата има голем простор богат со зеленило. Секој апартман има свој базен, а плажата е на 200 метри од хотелот.
Пејачката и нејзиниот сопруг го обиколија секој агол на ова модерно место, а со оглед на тоа што градот е познат по своето пристаниште на јахти, тие го имаа и тоа задоволство. Пејачката и нејзиниот сопруг пловеле на јахта, пиеле вино и уживале во разни скапи специјалитети.
Сето ова не е единствениот трошок што го имале Драгана и сопругот, бидејќи по одморот во Сен Тропе отишле во Монте Карло, и тоа не било како, туку со хеликоптер, го изнајмиле.
Минатата година, исто така, во ова време, Драгана и Тони се сретнаа во Монако со Лепа Брена и БобоЖивојиновиќ. Колегите поминаа два дена како семејство, а Мирковиќ објави заеднички фотографии со Брена.
Фото: Инстаграм/Драгана Мирковиќ/booking/printscreen
Можеби ќе ве интересира:
Случајно се сретнале, па лудо се заљубиле: Естрадни бракови кои му пркосат на времето (ФОТО)