Поттик за дамите во 5-та деценија: Кралицата Максима одржа лекција како треба да изгледа жена со стил во тие години
Кралицата Максима (49) е вистински пример како треба да изгледа жена со стил во 5-та деценија.
Кралицата на Холандија, предизвика вистинско воодушевување кај модните критичари со овој стајлинг.
Иако се очекува членовите на кралското семејство да имаат сведен стил на облекување и гардероба во монотони бои, Максима ги крши сите правила.
Таа вешто игра со модните трендови и е вистински пример за тоа како треба да изгледа жена со стил во 5-та деценија. Нејзините стајлинзи се сè, само не досадни, и уште еднаш покажа зошто често ја нарекуваат кралица на стилот.
Елегантен стајлинг кој одговара на секоја фигура.
Во монохроматски стил, се прошета на церемонијата по повод почетокот на иницијативата „Повеќе музика во училницата“ и доби само позитивни коментари.
Максима уште еднаш докажа дека не се потребни многу пари и брендирана облека за да изгледате добро. Таа не е како другите членови на кралското семејство, па затоа не троши пари непотребно на скапа облека.
Самиот стајлинг одговара на секоја фигура бидејќи е добро познато дека монохроматскиот стил ја прави фигурата визуелно витка.
Со оваа комбинација, сигурно ќе внесете ведрина во сивите есенски денови.
извор: stil.kurir.rs