Позната холивудска актерка откри дека била силувана три пати и забременила: „Години после тоа се сретнав со еден од силувачите и еве што му реков“

Холивудската актерка Ешли Џад, која призна дека била силувана три пати, неодамна откри дека се запознала и разговарала со еден од мажите кои ја силувал, наведувајќи како му влегла во трага на напаѓачот и завршила „седејќи со него на лулашките покрај потокот“.

54-годишната дама била нападната и силувана во 1999 година, а неколку години по немилиот настан таа рекла дека „се обидела да го пронајде напаѓачот“, објаснувајќи дека тој многу лесно „излегол на површина“ и договорил средба со неа.

„За да ја скратам приказната, се сретнавме на нишалките покрај потокот. Му реков: „Многу сум заинтересирана да ја слушнам приказната што ја носевте сите овие години“. И имавме муабет за ресторативна правда. Сакав да ја споделам таа приказна бидејќи има многу начини да се излечиш од тагата и важно е да ги потсетам слушателите дека ништо не ми требаше од него“, рече таа во подкастот „Healing“. 

„Беше само задоволство да се види дека тој изрази длабоко каење и се поправи, бидејќи исцелувањето од тагата е внатрешна работа“, додаде таа.

Водителот на подкастот нагласи дека луѓето „можеби не разбираат“ дека оваа тага се однесува на последиците од нападот. „Ја изгубивте невиноста во себе“, истакна тој.

„Човек ја губи сигурноста. Го изгубив чувството за доверба“, одговорила Ешли, која го обвини и осудениот Харви Вајнштајн за сексуална злоупотреба во 2017 година.

Актерката заклучила дека не и требала соработката на нејзиниот силувач кога тој се согласил да одржи состанок, ниту пак и требало тој „да направи нешто поинаку“: „Тоа е затоа што имав можност да поминам низ мојата траума за да се справам со мојата тага, да поминам низ исцелување, да ги имам сите овие промени во сопствената свест и да се поврзам во овие женски коалициски простори со други преживеани жени“.

Да потсетиме, Ешли во 2019 година призна дека останала бремена по едно од трите силувања, кога решила да ја прекине бременоста. Актерката зборуваше за своето искуство во застапувањето на правата за абортус на панелот „Womne in the World“.

„Сите знаат дека преживеав тројно силување. И еден од тие три пати зачнав, и многу сум благодарна што успеав да пристапам до безбеден и легален абортус бидејќи овој силувач е од Кентаки, исто како мене, и според законите во таа државата, тој би имал татковски права“, објасни таа.


Фото: Профимедиа