Моден фокус // Трендови
(ФОТО) ПОЗНАТА СТИЛИСТКА ОДГОВОРИ НА ВЕЧНОТО ПРАШАЊЕ: Во оваа боја сите изгледаме привлечно
Некои бои повеќе ги сакаме, некои помалку, а некои ни во лудило не би ги ставиле на себе. Иако не им стојат на сите, сите бои и нивни нијанси, сепак постои една боја која секој може да ја носи, независно од тенот или косата,
Стилистката Хелен Венаблес откри дека се работи за црвената боја. „Таа секогаш е во центар на вниманието и има еден проток низ спектарот на бои“, објаснила таа. Хелен советува црвената боја да ја носиме на горната половина на телото како би го истакнале она најдоброто на себе.
Црвената боја симболизира енергија, страст и сексуалност и е најупадлива од сите бои, затоа советот на стилистите не треба да не чуди. Секако, постојат бројни нијанси на црвена-од портокалово црвена па се до боја на вино.