Познатата актерка го нарече Деп љубоморен манијак, па откри низ што поминала со него: „Ми здогледа гребнатинка на грбот и полуде. Беше убеден дека го изневерувам“

Познатата актерка Елен Баркин (68) сведочеше пред судот во Вирџинија во рамките на судскиот спор меѓу Џони Деп и Амбер Херд, при што изнесе шокантни детали за врската со актерот.

Елен Баркин рече дека го запознала Џони Деп во раните 1990-ти кога помеѓу нив се развило децениско пријателство. За тоа време го снимија заедничкиот филм „Страв и презир во Лас Вегас“.

На прашањето дали нејзината врска со Деп станала романтична, актерката со насмевка одговорила дека транзицијата се случила во 1994 година, откако се преселила во Холивуд, пренесува „Дејли мејл“.

Таа додала дека нивното пријателство било чисто платонско, а потоа прераснало во романтична врска. Веднаш штом го кажала тоа, го замолила записничарот да ја поправи нејзината изјава: „Може ли тоа да го поправите во сексуална врска? Ви благодарам“.

Раскинувањето со Деп го опишала како едно големо збогум, по што никогаш повеќе не се слушнале.

„Тој е само љубоморен човек. Тој ве контролира каде одите, со кого одите, што сте правеле минатата ноќ. Еднаш имав гребаница на грбот што го налути многу, многу затоа што си мислеше дека тоа се случило за време на секс со некој друг маж“, рекла таа. Баркин истакна дека Деп често имал изливи на љубомора и гнев.

View this post on Instagram

A post shared by India Today (@indiatoday)



За инцидентот од хотелската соба

Таа откри и други детали од нивната врска, како и детали од еден многу немил настан од снимањето на филмот.

„Беше пијан цело време...поголемиот дел од времето“, рече актерката, истакнувајќи дека Деп пиел црвено вино, како и дека видела како актерот зема наркотици. На прашањето колку пати се случило такво нешто, таа рече: „Не можам да одговорам на тоа. Тој секогаш пиеше или пушеше џоинт“.

Таа рече дека нејзината сексуална врска со Деп траела неколку месеци и дека за тоа време се гледале три до четири пати неделно, кај неа или во неговата куќа.

Запрашана од адвокатот дали имало моменти кога Деп ја губел контролата, таа одговори: „Да. Господинот Деп еднаш фрли шише вино низ хотелска соба додека го снимавме „Страв и презир во Лас Вегас“ каде што беа асистентите“.

Не можеше да се сети дали шишето било полно, но истакна дека Деп не ја удрил во ниту еден момент додека биле во собата.

За потсетување, Џони Деп ја тужи поранешната сопруга за клевета, барајќи отштета од 50 милиони долари, поради нејзиниот авторски текст во „Вашингтон пост“ во кој таа индиректно го обвини за насилство. Амбер Херд возврати со контра тужба, барајќи 100 милиони долари од нејзиниот поранешен сопруг.


foto: screenshot Instagram

Која е преубавата адвокатка на Џони Деп која Интернетот ја обожава: Скроз ја „замолче“ Амбер на суд, а што значи прегратката со актерот?