Познатата ТикТок баба се скоцка и тргна на состанок на гробишта: Се нашминка и стави урнебесни обетки! 40 милиони луѓе во транс

Додека луѓето одат на состанок меѓу себе, Баbа Дронијак (93), како што се потпишува на TikTok, каде што е многу популарна, оди на состанок со нејзиното погребно место, поточно со надгробнаta плоча.

Баба Дронијак, која живее во Америка и чие вистинско име е Лилијан, го снимила и објавила на TikTok целиот процес на подготовкa за одење на гробиштата, а причината за таа посета било нејзиното име што е свежо врежано на надгробната плоча.

„Подгответе се со мене затоа што ќе одам да го посетам мојот гроб. Неодамна го ставија моето име на споменикот, па сакам да одам да го видам, па да ви го покажам“, вели познатата баба на почетокот на видеото, што покажува дека нанесува кармин и бронзер и патем ги воведува следбениците понатаму во приказната.

„Споменикот чинеше 3.000 долари и подобро да го направат да изгледа убаво. Ќе се одморам до мојот сопруг и ќе ставам кармин“, вели таа, а потоа додава:

„Сè уште нема да одам никаде, но добро е да бидам подготвена. Ќе ги ставам овие обетки од скелет бидејќи еден ден ќе изгледам вака“.


Кога заврши со шминката, баба Дронијак ја покажа својата облека. За средбата со погребното место избрала сиви панталони и виолетова сатенска кошула, а стајлингот го заокружила со долга бисерна огрлица.

„Ова е мојата облека за гробиштата. Се надевам дека ќе ви се допадне", рекла таа пред да се упати кон гробиштата, а кога стигнала таму и се допаднала глетката.

„Погледнете колку добро изгледа! Ми преостанува само да го снимам судниот ден", заклучила Лилијан, која собра седум милиони лајкови на видеото, додека истото го погледнале повеќе од 42 милиони луѓе.

Во натписот на видеото таа го постави прашањето „Дали ви се допаѓа мојот надгробен споменик? Кажете ми што мислите, бидејќи мислам дека е ок“.

Под оригиналното видео постојано доаѓаат коментари, а само неколку од нив се: „Бабо, те молам уште не оди“, „Сè уште не сум психички подготвен да се збогувам со оваа жена“, „Не ви е дозволено да умрете“, „Обетките се воодушевување“...


Фото и Видео: ТикТок