ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ДВОЈКИ (4): Како се запознале?

Добивај вести на Viber

Нова тура љубовни приказни. Почетоците се најсимпатичниот дел од секоја врска, а овојпат наш избор се првите средби на Надица и Иво, Драгана и Брејк и на Светлана и Мики Црнокрак

Надица Георгиева и Иво Јанковски

Важат за една од најусогласените двојки на домашната јавна сцена. Во една прилика Надица изјави дека бракот со Иво е најубавото нешто што ѝ се случило на љубовен план. Се запознале пред скоро две децении, набргу по нејзиното враќање од Виена.

- Еден период бевме и комшии. Подоцна работевме и на неколку заеднички проекти, така што јас и Иво многу добро се знаеме–откри Георгиева.

Драгана Клопчевска и Дарко Гелев-Брејк


Поранешната „Мис на Македонија“ сега е успешна жена претприемач и ретко дава интервјуа, но во една прилика откри како се запознале со популарниот пејач, автор и бизнисмен. Дарко е прв братучед на нејзин школски другар и одамна се познавале. После многу години се виделе повторно, почнале да излегуваат на кафе и со тек на времето сфатиле дека се создадени еден за друг.

Светлана и Мики Црнокрак


Минатата година прославија дваесет години брак. Се запознале на модна ревија во Битола, една и пол година пред свадбата.

- Ни се случи љубов на прв поглед. На почетокот на љубовта, ништо не ни пречеше еден кај друг, а и сега по две децении се навикнавме и се адаптиравме на сè, па дури и на тоа што можеби ни пречело–раскажа Светлана за „Женски Магазин“.

Подготви: Ѓорге Стојанов