Познатиот фудбалер ја изневерил девојката 92 пати, а тоа го направил и со пејачката Теодора Џехверовиќ: Кога видела порака од него, за малку ќе се онесвестила
Некои светски фудбалери беа дел од афери поради неверство, а еден дури ја изневеруваше српската позната пејачка Теодора Џехверовиќ...
Станува збор за познатиот фудбалер Нејмар, кој заплови во мирно пристаниште со својата девојка Бруно Бјанкарди, особено откако таа го роди неговото дете, но парот сепак раскина.
Иако имаа подеми и падови, се чинеше дека ќе се справат со проблемите кои ги следеа, но тогаш весникот Correia Brasiliense ја објави неверојатната информација дека фудбалерот ја изневерил својата девојка дури 92 пати.
Да потсетиме, Нејмар на инстаграм приказната на српската пејачка Теодора Џехверовиќ одговори минатиот декември кога беше со Бруно.
Она што ги шокираше сите, па и самата пејачка, е пораката што ја доби од познатиот фудбалер Нејмар, кој и испрати емотикон „аплауз“.
- Среќна Нова Година на сите! Ќе се онесвестам – напиша Џехверовиќ со објавата.
Нејмар наводно ја изневерил својата партнерка додека се забавувал во неговата вила во Мангаратиба во близина на Рио де Жанеиро.
После тоа Бруна реши конечно да се раздели.
Имено, таа ги избриша сите фотографии од својот вереник на Инстаграм, освен оние со бебето и напиша: „Не очекувајте човек да се промени ако не гледа проблем во тоа што го прави“.
Инаку, се пишуваше и дека Теодора Џехверовиќ ја фалсификувала преписка со Нејмар.
Фото: ИнстаграмИзвор: Blic.rs