Правила за добар стил: Кога имате 40 години, заборавете на овие парчиња облека
Овој вид гардероба повеќе не е за
вас, велат модните експерти
Иако веруваме дека не постојат правила слепо да се следат без разлика колку години имате, модните експерти направија список на гардероба кој жената по 40 години не треба да ја носи.
Еве како изгледа оваа листа:
Проѕирна облека
Како што велат дизајнерите, проѕирната облека е насочена кон помладата популација. Зрелите жени изгледаат премногу вулгарно во овие парчиња.
Она што тие го наведуваат како алтернатива се парчиња облека со делови изработени од чипка или сличен проѕирен материјал како што се здолништа од чипка, макси здолниште со едно проѕирно парче, блуза со чипкави ракави или слично.
Кратки маички
Ниту една жена не смее да си дозволи такво парче облека, колку и да изгледа добро. Маици кои откриваат стомак се наменети за помлади девојки. Струкирана маичка е далеку подобар избор во овој случај.
Skinny и искинати фармерки
Жeните во своите 40-ти се подобро прилагодени на повеќе женски модели на фармерки, како што се фармерки со висок струк или класични панталони кои се комбинираат одлично со потпетици.
Премногу накит
Како што велат многу стилисти, не треба да се претерува со накит после 40 години, затоа што тогаш треба да владее умереноста, а претерувањето само може да ви додаде години.