Празично со Стојна Костовска: „За Божиќните празници мојата кујна мириса посебно од останатите денови“
Годините за оваа актерка се само бројка која гордо ја носи. Своевремено важеше за една од најзгодните и најпосакувани жени на малите екрани позната по бројни улоги. Иако е речиси на прагот на осмата деценија и денес таа изгледа беспрекорно.
Вели
љубовта за неа е најголема водилка низ животот кој не секогаш ја „галел„. Стојна
Костовска денес може да се пофали со богато портфолио исполнето со бројни улоги како на филмското платно така и во теаратските претстави. Има добиено бројни
признанија и награди, а неодамна се пензионираше како актерка во Македонскиот
народен театар. За себе вели дека го сака животот, но ги сака и празниците.
Вели Нова година одамна не е период кој и предизвикува радост и еуфорија, бидејќи
токму на тој ден за секогаш ја загуби својата мајка. Но затоа пак денешниот
празник, раѓањето на Господ Исус Христос – Божиќ, како и останантите празници,
во неа будат една посебна благосостојба. Изминатата 2023 година беше пред
големо искушение кое успешно го надмина, а оваа година посакува само едно...
ЖМ: Што ви ја одбележа изминатата 2023, по што ќе ја запаметите?
- 2023та година на личен план не ја паметам по нешто специфично, се до месец Септември кога имав една хируршка интервенција. За среќа добро се заврши.
ЖМ: Како ќе ги поминете претстојните празници?
- Во кругот на семејството најубаво се чуствувам и за Новогодишните а особено за Божиќните празници. За Божиќ треба да бидеме сплотени да имаме мир во душата, да подариме некому спокој и љубов. За Божиќните празници мојата кујна мириса посебно од останатите денови. За да го оживееме Божиќ заедништвото е многу важно, " Кај да си пред Божиќ и за Божиќ дома да си."
ЖМ: Дали сами го украсувате домот или имате помош од семејството?
- Во украсувањето на домот доминира мојот сопруг. Јас и син ми може само да асистираме, а за правење и аранжирање на икебаните задолжен е само сопругот.
ЖМ: Дали имате некои ритуали кога се во прашање претстојните празници?
- Пред празниците мојата куќа ја чистиме до темел, мора да биде се на свое место.
ЖМ: Ако се навратите на детството што е она што прво ве асоцра на овие денови?
- Имав убаво детство, Нова Година не поминуваше без прошетка низ градот со родителите и брат ми. Ме фасцинираа светилките од тезгите на плоштадот и елката која силно сјаеше, а јас сакав се да пофатам. Мајка ми беше строга, а татко ми знаеше да ни купи шекерна волна.
ЖМ: Кој ви е најомилен подарок кој сте го добиле за Нова Година?
- За Нова Година подготвував претстави за деца од повеќе фирми. Сред претстава излезе едно детенце и ми подари кукла, го зедов во раце, ја продолживме претставата а аплаузот беше громогласен.
ЖМ: Дали ве понесува новогодишната атмосфера и дали сте од оние кои трошат многу пари на подароци?
- Новогодишната атмосфера не ми значи многу, се менуваат годишните времиња, си поминуваат истите, врват годините, ние сме повозрасни но по мудри, а тоа е целта на животот се што сме направиле и оставиле зад нас. Смисолот на животот е што подолго одложиме смртта, токму на Нова Година ја изгубив Мајка ми !
ЖМ: Која ви е неостварена желба која сакате да ви се исполни оваа 2024-та година?
- Оваа година не очекувам нешто посебно, само здравје на моето потесно и пошироко семејство, на мојата Македонија и посакувам напредок на секое поле.
ЖМ:Која е вашата новогодишна порака до сите жени.
- Жени, чувајте се, ние сме столбот на семејството и општеството, ние сме сопруги, мајки... Жената е цврста како стена но може да биде кршлива како најтенко стакло. Јас го сакам мојот женски род и на сите жени им посакувам здравје и никому не припаѓаме туку сме свои сами на себе. Не дозволувајте никој да ве поседува, сакајте се себеси зд можете да љубите. Ве љубам.
Елеонора А.