Празна и запуштена гарсониера претворила во супер дом од 25 квадрати: Сè се вклопило во станот, а просторот изгледа поголем (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Погледнете како го претворила малтерисаниот и целосно празен стан во совршенa гарсоњера од 25 метри квадратни - има посебен простор за спиење, се што ви треба е таму, а самиот простор изгледа поголем благодарение на неколку трикови.

Како да организирате гарсоњера од 25 квадрати, да вклопите сè во мал простор, а во исто време станот да изгледа поголем? Токму тоа и успеа на руската блогерка Алина, која објави видео од своето студио, а видеото го погледнале над 3 милиони луѓе.

Купила целосно запуштен и празен стан, а потоа просторот го претворила во удобен и елегантен дом со примеси на минимализам. Доколку планирате да реновирате мал стан, потребни ви се идеи за гарсоњера, овие дефинитивно ќе ви се допаднат. Таа направи преграда за да го подели студиото на сите зони - зона за спиење и зона која изгледа како дневна соба и кујна. Во ѕидот се поставени полици за ситници, декорација и детали. Правоаголната форма на станот овозможи да се создаде мини преграден ѕид и на тој начин да се одвои просторот за спиење. Ова и било важно бидејќи сакала да избегне да спие на креветот што се извлекува. Во овој стан некогаш имало ниша, но била срушена за да има доволно простор да се одвои спалната соба и поголем плакар.

Спроти софата има ТВ, маса што се развлекува со трпезариски столчиња. Кујната е елегантна, а белата боја придонесува за тоа - вклучува потребни апарати и ормарчиња за складирање. Она што е важно е интересниот под со плочки во кујната, а ламинатот во остатокот од станот - на овој начин делови од станот изгледаат поизолирани, а самиот простор е поголем.

Во ходникот има гардероба со големо огледало што го прави просторот да изгледа поголем. Бањата има се, туш кабина, тоалет, мијалник, а иако е мала, поради сивите плочки бањата изгледа многу елегантно.


ФОТО: Youtube/Printscreen/Alin Essa