Празниците се магични денови: Пред нас е волшебно време...

Најубавото нешто во зима се новогодишните празници. Тие магични моменти на украсување на елката, собирање на семејството, правење домашни колачиња од кои мириса цела куќа - па има ли нешто поубаво од тоа. Дури и кога ќе паднат првите снегулки, сè станува некако магично ...

Деновиве слушам како луѓе зборуваат за патување, скијање или некој спа центар, а јас само фантазирам за стуткување покрај шпоретот, за правење кафе и за гледање снегулки.

Од мала следам ритуал: Дваесетина дена пред Нова година правам листа на желби. Да, знам, веројатно звучи детско, но за мене е неверојатно лековито. Зошто?

Како прво, запишувањето на желбите во мене почнува да буди надеж. Сигурна сум дека ќе се оствари она што го замислував во текот на годината.

Добро размислувам за секоја желба (затоа што, внимавај што сакаш, можеби ќе ти се оствари!). За секоја желба правам план кој внимателно го разгледувам, а тоа ќе бидат моите лични работни планови за следната година, кои ќе ги работам сите 365 дена. Некако имам чувство дека се ќе ми успее, дека проблемите ќе останат зад мене... И уживам да сонувам за мојата листа на желби, да ги правам првите чекори за да ги остварам и веќе да уживам во резултатите кои ме очекуваат !

Ова се моментите кои ме враќаат кон себе. Со поставување на некои животни прашања се трудам да останам на „вистинскиот пат“.

Пред да седнам пред бел лист хартија, си создавам пријатна атмосфера: фотелја, топло ќебе, шолја кафе, крцкави бисквити и мир.

Тогаш чувствувам дека се‘ е можно, дури и ако ми се исполни една од најголемите желби: да имам свој стан. Зошто да не, па сите знаат дека празниците се новогодишни, всушност - магични денови!

Затоа направете свој список на Новогодишни желби, размислете што сакате да постигнете во Новата 2022 година, и уживајте со најблиските и саканите во Новогодишните и Божиќните празници!


Извор: Стил.курир

Фото: freepik