Пред огледало со Евгенија Ризова: Секоја жена треба да посветува време на својот изглед

Добивај вести на Viber

Ризова Евгенија, веќе 5 години се занимава со моделинг. Кариерата како модел ја започнала на свои 15 години, а набрзо потоа, во 2017 година ја претставуваше нашата земја на изборот за убавина Miss Mediterranean, каде победи и се врати со титулата најубава жена на Медитеранот.

Евгенија, се опишува себе си како позитивна и многу упорна личност, голем „workaholic“ и љубител на кафе и добра книга. А, за Женски магазин ги откри и своите ритуали за убавина.


1.  Каков е Вашиот дневен козметички ритуал?

Оваа година посветив долго време на истражување што навистина ѝ е потребно на мојата кожа. Денот го започнувам со чистење на лицето со мицеларна вода и миење со природен сапун од козјо млеко за кој можам да кажам дека ми е омилениот и неминовен продукт во секојдневниот козметички ритуал. Исто така, наутро користам серум од ниацинамид и дневен крем за лице.

Вечерниот козметички ритуал го започнувам со двојно чистење на лицето, продолжувам со серум од Витамин Ц и ноќна крема.

Два пати неделно правам пилинг и употребувам маски за лице.

2.  Со какви препарати го негувате лицето?

- Еден од основните препарати е мојата крема за лице со екстракт од овча плацента. Потоа, серуми за лице како Ниацинамид, Витамин Ц и  Салицилна киселина. И омилениот досега- органски сапун од козјо млеко. 

3.  Посетувате ли козметички салони?

-  Да, го сакам времето одвоено за себе и едноставно уживам кога посетувам козметички салони. Сметам дека секоја жена треба да посветува време на својот изглед.  Сепак, кога станува збор за третмани и нега на кожата на лицето, се доверувам на мојот дерматолог.

4.  Кои производи ги употребувате за нега на коса?

-  Искрено, немам некој посебен ритуал за нега на косата во домашни услови. Користам шампон и маска за коса кои со текот на времето се покажале како најсоодветни за мојот тип на коса. Негата на коса главно им ја доверувам на моите ID Team Hair Bar. 

5.  Што сакате да прикриете, а што да истакнете со шминка?

-  Оние кои ме познаваат подобро ќе ви кажат дека Евгенија не знае да се шминка, но затоа ужива кога ќе ја препушти работата на професионалци. Дневната шминка главно ми се состои од квалитетна пудра и маскара. Сакам да ја прикријам хиперпигментацијата на одредени делови, а да ги истакнам трепките и контурите на лицето.

6.  Кои се вашите омилени козметички производи?

-  Од козметички производи за нега на кожа би го издвоила мојот дневен крем со екстракт од овча плацента, а од производите за убавина пудрата Infallible на L’Oréal Paris. 

7.  Што носите секогаш во Вашиот несесер?

Крема за раце и сјај за усни се неизбежни.

8.  Омилен парфем?

“Scandalous” на Victoria’s Secret

9.  Како ја одржувате линијата?

-  Веќе 5 години активно се занимавам со фитнес. Клучот во одржување на линијата го пронаоѓам во балансираната исхрана и физичката активност. Вежбам 5-6 пати неделно и имам персонализиран план за исхрана.


Н. Миланова

Фото: Приватна архива. Евгенија Ризова