Пред огледало со Лина Пејовска: Се негувам со домашни маски од мајка ми
Младата поп-пејачка Лина Пејовска со песната „Ако ме сакаш” стана апсолутен Јутјуб хит и достигна над 1 000 000 прегледи. Таа пред три месеци го промовираше и новиот спот за песната „Топло ладно‟, а периодов е актуелна и со препевот на песната „Совршен пар”. Лина која се прослави во шоуто „Пинк ѕвездички“ во Белград, за Женски магазин ги откри своите козметички ритуали.
* Каков е Вашиот дневен козметички ритуал?
- Непобитен е фактот дека тоа што ќе го направите наутро кога ќе се разбудите може да влијае на вашата среќа и продиктивнот во текот на денот. Најпрво му се радувам на денот, а го започнувам со хигена и козметички ритуали, кои и не се така комплицирани. Тука е моето кокосово масло кое го користам секое утро на измиено чисто лице. Е сега доколку во текот на денот имам и други обврски освен училишните како на пример настапи или гостувања по телевизии ритуалите се малку изменети со посета на фризер и шминкер, а за тоа тука е мојот make up artist Бобан Тодоровски.
* Со какви препарати го негувате лицето?
- Лицето ми е многу чувствително, и затоа внимавам што користам. Генерално тоа е кокосово масло, Scrub и сода бикарбона.
* Посетувате ли козметички салони?
- Не, не посетувам козметички салони, што не значи дека во иднина нема да посетам.
* Кои производи ги употребувате за нега на коса?
- Негата на косата целосно му ја препуштам на мојот фризер на кого бескрајно му верувам.
* Што сакате да прикриете, а што да истакнете со шминка?
- Ги истакнувам очите и усните, а ги прикривам акните кои во одреден период ми се појавуваат и ме нервираат.
* Кои се Вашите омилени козметички производи?
- Омилени козметички производи немам, освен козметичките производи кои ми ги прави мајка ми со природни состојки и без хемикалии.
* Што носите секогаш во Вашиот несесер?
- Сјај, парфем и чешел.
* Омилен парфем?
- Дефинитивно Barberry – омилен.
* Како ја одржувате линијата?
- Еее, тешко прашање (хахаха) се трудам здраво да се хранам, спортувам, но понекогаш ќе се опуштам малце.