Пред огледало со Маја Кикириткова: Со сопругот користиме ист парфем

Добивај вести на Viber

Познатата модна дизајнерка Маја Кикириткова, мајка на две предвремено родени деца од среќниот брак со сопругот Александар, пред огледалото на Женски Магазин ги откри своите ритуали за убавина.

* Каков е Вашиот дневен козметички ритуал? 

- Утринската нега ми е секогаш иста, чистење на лице, хидратантен тоник, хиалуронска киселина и витамин Ц и на крај рутината ка завршувам со крема со СПФ. Вечерната нега ја менувам на три дена, прво дупло чистење на лицето (со маслен и со воден чистач), една вечер е хидратација, втората е антиејџинг и третата е вечер за киселини, односно екфолијација на лицето. 

*  Со какви препарати го негувате лицето? 

- Користам Пурито, корејска козметика и сум многу задоволна. Во една рутина освен чистењето и тоникот, користам не повеќе од два серуми и рутината ја завршувам со крема за лице.

* Посетувате ли козметички салони? 

- Не, не сум љубител некој да ми го фаќа лицето, тоа е нешто што најмногу ме иритира.

* Кои производи ги употребувате за нега на коса? 

- За коса користам обичен благ шампон, понекогаш и силвер, но многу ретко, бидејќи имам бела коса, па за да се одржи таа боја препорачливо е силвер шампон. После секое миење ставам маска за коса. Можам слободно да кажам дека Адо од HairDo е задолжен да бидам блондинка, а да имам здрава и негувана коса. 

* Што сакате да прикриете, а што да истакнете со шминка? 

- Обично практикувам натурал шминка. Во принцип не сум човек кој што сака да се шминка. Ако ставам нешто јако, тоа обично е кармин.

* Кои се Вашите омилени козметички производи? 

- Како што напоменав и погоре, Пурито ми е моментално број еден козметика.

* Што носите секогаш во Вашиот несесер? 

- Лабело и кармин.

* Омилен парфем? 

- Tom Ford, Black Orchid. Иако е машки, со сопругот заедно го користиме.

* Како ја одржувате линијата? 

- Мојата линија повеќе се должи на моите гени. Не правам ништо посебно. Јадам сè и во секое време. Порано вежбав, но сега не можам за се пофалам со тоа, двете мали деца и карантинот си го направија своето. Знам дека не е изговор, но во план ми е пролетта да ја започнам со вежбање.


Д.Караташова Илиоска