Пред огледало со Валери Димовска: Надворешната убавина е само привлечна, карактерот и манирите се пресудни

Добивај вести на Viber

Младата пејачка Валери Димовска од Велес е девојка која секогаш внимава на својот изглед, а во оваа прилика пред огледалото на Женски Магазин ги раскажа своите ритуали за убавина, како и ни откри како изгледала за својата матурска прослава.

* Каков е Вашиот дневен козметички ритуал? 

- Немам посебен козметички ритуал, но нешто што можам да издвојам е поминување на лицето со мраз.

* Со какви препарати го негувате лицето? 

- Бидејќи имам многу чувствителна кожа, избегнувам да користам многу препарати на моето лице. Секогаш го мијам лицето со сапун и потоа нанесувам универзален крем „Здраве" преку ден, а пред легнување нанесувам витамин Ц серум.

* Посетувате ли козметички салони?

- Многу ретко.

* Кои производи ги употребувате за нега на коса? 

- Garnier,Botanic Therapy\ Honey Treasures, Garnier,Botanic Therapy\ Hair Remedy Mask, и Trend Up\ Prickly Pear Oil

* Што сакате да прикриете, а што да истакнете со шминка? 

- Најчесто прикривам некои мали флеки,но не ставам премногу пудра или други производи. Ги истакнувам моите очи, со тенок ајлајнер и маскара.

* Кои се Вашите омилени козметички производи? 

- Lancôme Lash Idôle маскара, s-he водоотпорен ајлајнер, MAYBELLINE AFFINITONE пудра и Revolution Highlighter.

* Што носите секогаш во Вашиот несесер?

- Маскара, лабело и хајлајтер.

* Омилен парфем? 

- LANCOME La Vie Est Belle.

* Како ја одржувате линијата?

- Внимавам на исхраната, но не со цел за да не качам килограми, туку со цел за здрав живот и повеќе енергија. Вежбам во теретана и трчам.

* Како би се опишале себе си? Што е она што Ве движи напред?

- Себеси се сметам за амбициозна особа, сакам креативни работи. Она што ме движи напред е вербата во себе и дисциплината.

* Дали надворешната убавина е пресудна за оставење на прв впечаток?

- Надворешната убавина е само привлечна, карактерот и манирите се пресудни.

* На која дама ѝ се восхитувате и зошто?

- Не сум сигурна, но Алиша Кис ми беше идол на почетокот на мојата кариера.

*  Каква треба да е современата жена?

-  Секоја жена има различни цели, но мислам дека секоја треба да биде амбициозна и со добри манири.

* Како изгледавте како матурантка, дали бевте од оние кои трошат многу време и пари за таа модна комбинација, или пак не се грижевте толку околу тоа?

- За жал немам фотографија, но еве ќе се потрудам да ви претставам убаво. Носев бело здолниште, корсет и бело сако. Не се замарав премногу, знаев само дека сакам стилот да ми биде како во 90-тите.

* Што би носеле денеска ако сте матурантка, дали би биле по последен тренд , што совет би им дале на младите девојки?

- Не би трошела премногу време, но би се потрудила да изгледам различно од класичниот стил, на пример - фустан, бидејќи има многу различни идеи со кој можеш да изгледам кул. Денешните матурантки би ги советувала да бидат свои и да носат тоа што им прилега најмногу, едноставно да уживаат во денот.

* Д.Караташова Илиоска