Пред уништување е светска туристичка атракција

Добивај вести на Viber

Белиот мрамор на Таџ Махал станува жолт и зелен додека мавзолејот од 17 век се обидува да преживее во загадениот воздух во осмиот најзагаден град во светот, вели адвокатот М.Ц. Мехте пред индискиот Врховен суд. 

„Едно од седумте светски чуда, Таџ Махал се наоѓа на брегот на река преполна со ѓубре и често е прекриен со слој прашин и обвиткан со смог од оџаците на индустријата во индискиот град Агра. Малите инсекти од реката Јамун во кој градот ја испушта канализацијата одат во Таџ Махал, а нивниот измет дополнително го валкаат мраморот“- рече адвокатот.

Судот се закани на Владата заради тоа што не прават доволно за да го сочуваат споменикот кој го изгради могулскиот цар Шах Јахан како мавзолеј за сопругата Мумтаз Махал. Активистите се загрижени за се пониското ниво на вода во Агра што може да ги оштети дрвените темели на Таџ Махал. Туристите сакаат да се спаси споменикот.