Предијабетес - глобален клинички приоритет

Добивај вести на Viber

Нарушената гликозна толеранцијае здравствен проблем во пораст. Во 2017 година, бројот на возрасни лица од светската популација со нарушена гликозна толеранција изнесувал 352,1 милиони.Според Меѓународната федерација за дијабетес, до 2030 година, приближно 7% од светското население или околу 400 милиони лица, ќе има нарушена гликозна толеранција.Се проценува дека околу 70% од лицата со нелекувана IFG (нарушена гликемија на гладно) и / или IGT (Нарушена гликозна толеранција) ќе развијат дијабетесмелитустип 2 во следните неколку години.

Предијабетесот е честа состојба кај младата популација. Речиси една третина од пациентите со предијабетес се на возраст помеѓу 20 и 39 години, а речиси половина од вкупниот број се на возраст под 50 години.

Големата застапеност на предијабетесот е поттикната и од глобалната пандемија на дијабетес, па така третирањето на предијабетесот станува значаенклинички приоритети глобален предизвик за иднината.

Предијабетесот е сериозна здравствена состојба,која ги става пацинетите  под зголемен ризик од развој на дијабетес мелитус тип 2, срцеви заболувања и мозочен удар.Се јавува кога нивото на шеќер во крвта е повисоко од нормалното, но сè уште не е доволно високо за да се дијагностицира дијабетес мелитус тип 2.

Лицата со предијабетес може исто така да имаат и инсулинска резистенција, состојба во која телото не го користи инсулинот ефективно.Инсулинот е хормон кој се произведува во панкреасот, а кој пак е одговорен за регулација на нивотоата на шеќер во крвта инеговатаупотреба од страна на клаетките како енергија. Кај пациентите со предијабетес, клетките во телото не реагираат нормално на инсулин. Панкреасот произведува повеќе инсулин за да ги натера клетките соодветно да одговорат. На крајот, панкреасот не може биде во чекор со потребите, шеќерот во крвта се покачува, што отвора простор за  прогресија на предијабетесот и развој на дијабетес мелитус тип 2.

Навремената дијагностика и терапија на предијабетесот е од исклучителна важност. Добрата вест е што предијабетесот може да се  контролираи на тој начин да се спречи појавата на дијабетес мелитус тип 2. Освен соодветната терапија, во оваа фаза исклучително важно е пациентите да направат промена во животниот стил и навики; здрава исхрана, намалување на вишокот телесна тежина, редовна физичка активност како и редовни прегледи и  консултации со доктор специјалист и нутриционист кои би ги воделе низ овие промени.Во одредени случаи неопходна е и примена на соодветна терапија со чија помош покаченото нивоа на шеќер во крв ќе се држи под контрола.