Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху не можеше да одолее, а да не заигра „кокошкин танц“ со пејачката Нета Барзилаи, која по победата на Евровизија беше на официјален прием кај него.
„Забавно е да се запознае Нета во Ерусалим. Сите те сакаме. И донесе голема чест на нашата земја“- напиша Нетанјаху на социјалните мрежи по нивната средба.
На видеото поставено на „Твитер“ може да се види како Нетанјаху заедно со Нета прави кокошкини движења со рацете, карактеристични за настапот на пејачката.
Нета победи на годинешниот избор за песна на Евровизија со нумерата „Не сум твоја играчка“.
Пејачката беше пречекана од неколку илјади нејзини обожаватели при пристигнувањето во Тел Авив.