Прерано згаснаа тие очи како срна: Животот си го одзеде на 45 години- 4 години од смртта на познатата актерка Билјана Беличанец

Добивај вести на Viber

Денеска се навршуваат точно 4 години од смртта на познатата актерка Билјана Беличанец.

И денес со неверување дека замина прерано, многумина се потсетуваат на неа.

Билјана имаше само 45 години, кога си го одзеде животот .

Нејзиното безживотно тело беше најдено од нејзиниот сопругрежисерот Сашо Миленковски.

„На 06.04.2019 г.околу 22,30 часот,во ПС Центар С. М. пријавил дека на ул. „Истарска“ во неговиот стан ја пронашол неговата сопруга Б.Б.А. (45) од Скопје, која си го одзела животот со бесење. Од страна на Итна медицинска помош е констатирана смрт. Извршен е увид, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на Судска медицина за обдукција“, соопштија од МВР информирајќи за случајот на Беличанец.

Беличанец е родена на на 25 јули во 1973 година во Скопје. Во 1994 година дипломирала како најмлад актер на Факултетот за драмски уметности. Истата година се вработува во Народниот театар „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, каде претежно игра главни улоги за кои подоцна добива награди и признанија. Во 1997 година се вработува во Драмскиот театар. 

Има реализирано бројни главни и споредни улоги во повеќе театарски проекти во Драмскиот театар и други инстутуции.

Во 2009 ја доби наградата на фестивалот “Војдан Чернодрински” за главна женска улога во „Кинегонда во Карланенд“ а во 2012 за улогата во „Генетика на кучињата“.

Позната беше и со синхронизација на турски серии.

Таа беше поранешна градоначалничка на скопската општина Кисела Вода од 2013 до 2017 година. 

Од првиот брак, има две малолетни деца. 

По објавата за нејзината смрт многу нејзини колеги емотивно ги искажуваа мислите на социјалните мрежи.

Стави ме во шивална, само да го дишам театарскиот воздух: Сашо Тасевски емотивно за Билјана Беличанец

Актерот Сашо Тасевски емотивно ја опиша неговата соработка со неговата колешка Билјана Беличанец . Тасевски тогаш нагласи дека таа за него ќе остане најдобра глумица. 

„Билјана Беличанец влезе во канцеларијата. Два месеци откако ме назначија за директор. Седна како на жар карши мене, зад клуб-масата. Да ѝ пратам порака дека е добредојдена и влегува дома, станав од директорската фотеља и седнав кај клуб масата. Ја понудив кафе, одби. Дојдов само нешто да ти кажам, рече. Те разбирам ако ме држиш на страна, ако не добивам улоги, зашто бев функционер кај оние, само дозволи ми да бидам овде, да го дишам театарскиот воздух. Стави ме и во шивална, ќе шијам, само да сум тука. Беше сериозна, а јас се насмеав. Реков: Билјана ти си една од најдобрите глумици во Македонија на сите времиња. Треба да играш и сакам да играш, ама не со игла и конци, туку на сцена. Таму би била од најголема помош. Имаш сојузник во мене. Сепак не заигра, иако требаше да игра главна ролја во една претстава, тоа се изјалови од други причини. Нејсе, затоа со ќеф прифати да биде дел од уметничкиот совет, кога ја поканив, откако ме предупреди дека може да си имам проблеми што е она во него. Баш ме заболе и реков. Се сеќаваш што ти кажав во канцеларија ко дојде? Се насмеа. Е па уште го мислам тоа и реков. И секогаш ќе го мислам. Го мислам еве и сега. Најдобра“, напиша Тасевски на својот Фејсбук профил. 


Писателот, поет и есеист Венко Андоновски напиша емотивни стихови за неа.
Во нив, тој вели дека Билјана не умрела, туку само се лизнала. "Камена, а стаклена и дребна“, ја нарече во песната.               


Ќе врзев две паметни, ќе ти ја залепев една: Ирена Ристиќ со песна ја испрати Билјана Беличанец

Актерката и активистка Ирена Ристиќ се присети на дружењето со нејзината колешка Билјана Беличанец која во неделата си го одзема животот во својот стан во Скопје. Во објавата на својот Фејсбук профил, Ристиќ се сеќава на песната која Беличанец ја сакала, евергринот „Perfidia“ од американската пејачка и актерка Џули Лондон.

„ Мислите ми лутаат низ нашиот однос...
Ми се укотвуваат во сликата како ја подготвуваш јамката...
Биљано!
"Ристич, дај, бе, ти знаеш англиски, песнава да ми ја напишеш..."
"Биљано, уште еднаш ли ме повлечеш така без осет, у публика ќе те фрлам..."
"Нешто да ме дигне и нешто да ме спушти..."
"Немам ни мајка, тетка ми ме роди..."
"Нема место за две мачки на кровот..."
Хаос, хаос... 
А да речеше: "Ристич, ај, ма, кафе да пиеме!"
Уствари, ко ќе ми текне, ме бараше... Да!
Боже! Да се видевме... зафатена беше... бев...
Можеби ќе врзев две паметни, може ќе ти ја залепев една, може... не знам, вака... 
Еве ја, песнава... на англиски! Пеј... 
Биљано!“, напиша актерката за својата колешка и ја објави песната од Џули Лондон.