Катарина и момчето како излезени од некој арапски моден едиторијал: Од Абу Даби- уникатна роденденска честитка

Една од нашите најпознати манекенки Катарина Ивановсла секојдневно покажува колку ужива во љубовта со партнерот Стефан Ханџиски

Имено таа овој пат му го честиташе роденденот со уникатна роденденска честитка. Стави фотографија од неа и Стефан во „Sheikh Zayed Grand Mosque“ во Абу Даби, а она што е интересно е што на истото место се сликале и познатиот холивудски актер Џејсон Статам и неговата партнерка Рози Хантингтон Вајтли.

- Ова можевме да бидеме ние, но...  Среќен роденден Стефан - стои во описот.

Туристичката атракција Големата џамија Шеик Зајед која има повеќе од 80 мермерни куполи што ги држат столбовите на 1000 и се пунктирани од четири високи минариња на 107 m. Оваа џамија е една од ретките во регионот достапна за немуслиманите. Повеќе од 90,000 тони мермер се користени при изградбата на џамијата. Оваа туристичка атракција е бесплатна за посета.