Претажно: Шокантната исповед на таткото на Виолета, девојката која беше избодена со нож 29 пати од поранешното момче

- Пред две години ја загубив ќерка ми. Секоја сабота, како и секој 13 -ти во месецот, одам на гробишта. За мене, оваа болка и тага никогаш нема да помине, ова го кажа Драгиша Јошиќ, таткото на брутално убиената Виолета (19).

На тој кобен 13 октомври 2019 година, таа беше избодена 39 пати од поранешното момче Душан Петронијевиќ (36). Несреќната девојка имала дури 29 убодни рани во пределот на вратот, главата и грбот. Младата девојка, која штотуку зачекори во животот, беше убиена во нејзината соба само затоа што не сакала да се врати кај лицето што ја прогонувало. Како што понатаму изјавува неутешниот татко на оваа девојка, тој никогаш нема да го заборави денот кога ја загубил својата сакана.

- Виолета, која дојде од трета смена тој ден, јас и сопругата бевме во дворот. Во еден момент, Душан се појави на портата, ни се јави, а потоа тие двајца отидоа во нејзината соба. Таа веќе не излезе од таму жива - се сеќава Драгиша низ плачење.

- Се сеќавам дека, пред да се појави, таа ја милуваше нејзината коса, се смешкаше. Жал ми е што не знаев дека се караат, бидејќи се‘ ќе беше поинаку - вели низ воздишки неутешниот татко. Драгиша опишува како секојдневно влегува во собата, желен да ја види својата ќерка.

- Ја отворам вратата од нејзината соба секое утро, се‘ е секогаш на исто место, но таа не е таму. Нејзината гардероба се‘ уште е во плакарите, не можам да ги отворам. Срцето сака да се скрши. Се‘ ми мириса на неа - вели таткото на Виолета плачејќи.

По смртта на Виолета, тој доби уште една ќерка, која сакаше да ја нарече со истото име. 

- Сакав мојата помлада ќерка да се вика Виолета, но го послушав советот дека тоа не е добро и затоа и дадов друго име, Лена. Честопати грешам, па наместо Лено, велам Вико. Многу личи на Виолета - опишува Драгиша.

Уште од раѓањето на неговата помлада ќерка, Драгиша дава се‘ од себе за да живее нормално. Но ...

- Музика никогаш не се пушта во куќата. Не сакав ни трубач кога се роди Лена. Мојата Виолета е мојата душа - вели неутешниот татко.

Во февруари оваа година, Душан Петронијевиќ беше осуден за кривично дело тешко убиство на свиреп и подмолен начин.

- Пресудата е максимална, па според законот, тој не може да направи повеќе од тоа, иако треба да биде осуден на смрт и доживотен затвор. Се сеќавам, и кога ни се случи оваа трагедија, додека бевме уште дома, го молев да повика брза помош за да ја спаси, а тој ми рече: „Нема потреба, знам каде одам“. Судијата тоа го прочита и при изрекувањето на пресудата, а тој беше ладен и без емоции, како и на денот кога ми одзеде половина душа - завршува Драгиша Јошиќ за „Објектив“.


Фото: Facebook/Petronijević Dušan/Violeta Josic