Претставен Galaxy Z Fold2: Спој на елеганција и автентични иновации

Добивај вести на Viber

Како трета генерација на телефони на преклоп на Samsung, Galaxy Z Fold2 го комбинира импресивниот дизајн со најнапредните технолошки решенија

Компанијата Samsung Electronics Co., Ltd денеска официјално го претстави Samsung Galaxy Z Fold2, третата генерација од своите паметни телефони на преклоп. Овој уред носи потполно ново искуство на љубителите на најсовремените технолошки решенија во комбинација со елегантен дизајн. Со поголем надворешен и масивен главен екран, Galaxy Z Fold2 го трансформира начинот на кој се доживуваат и се користат паметните телефони.

„Патот кон новата генерација на мобилни телефони е секогаш патот на оригиналноста и иновациите“, изјави Др. TM Roh, претседател и директор на одделението за мобилни комуникации во компанијата Samsung Electronics. „Моделот Galaxy Z Fold2 е резултат на анализа на коментарите на нашите корисници, затоа што сакавме да бидеме сигурни дека ќе им понудиме хардверско унапредување и иновации на софтверот кои им се навистина неопходни. Дополнително зајакнати со партнерствата со компаниите Google и Microsoft, продолжуваме  посветено да работиме на трансформацијата на корисничкото искуство“.

Нов, унапреден дизајн

Galaxy Z Fold2 го спојува храбриот, иновативен дизајн со напредните инженерски решенија

-Комплетно доживување во гледањето на видео содржини[1] - Infinity-O надворешниот екран од 6,2 инчи обезбедува неограничени можности за корисниците, да бидат во можност да проверуваат електронска пошта, да ги пратат насоките кон локацијата или да ги гледаат омилените видео содржини без потреба да се отвори уредот. Кога ќе се отвори, масивниот главен екран од 7,6 инчи со максимално намалени рабови и предна камера без исечок на екранот, на корисниците им пружа врвни можности за играње игри, со стапка за освежување од 120Hz. Дополнително, благодарејќи на динамичните дуал звучници, Galaxy Z Fold2 доаѓа со најдобрите аудио перформанси досега, со унапредени стерео ефекти и уште почист звук.

-Усовршен дизајн и технички решенија - Galaxy Fold2 доаѓа со елегантен дизајн и истанчен стилГлавниот екран е направен од Samsung Ultra Thin Glass стакло кое што овозможува премиум доживување. Hideaway Hinge шарката, која што дискретно се вклопува во куќиштето на уредот, е главен елемент на новиот дизајн. Шарката се одликува со специјален CAM механизам кој што му овозможува на уредот да стои самостојно[2], додека за безбедноста при преклопување е задолжена револуционерната slim cutting технологија. Galaxy Z Fold2 користи и специјална технологија за чистење, која што ги отстранува честичките од прашина од просторот помеѓу куќиштето и шарката. Бидејќи ова е трета генерација на преклопни уреди, овој sweeper механизам остварува поефикасни резултати, иако просторот за него е дополнително намален во споредба со моделот Galaxy Z Flip.

Корисникот одбира: Следење на содржини на надворешниот и главниот екран

Новиот Galaxy Z Fold2 со иновативната преклопна форма и софистициран дизајн максимално ќе го унапреди корисничкото искуство. Овој уред поддржува два режими, Flex mode[3] за работа на поделен екран и App Continuity[4] за непречена работа во апликациите додека се преминува од надворешниот на главниот екран. Оваа флексибилност им овозможува на корисниците да креираат или да гледаат содржина на надворешниот или на главниот екран, во зависност од нивните желби.

-Флексибилен и продуктивен уред – Со Flex mode, создавањето и уредувањето на содржини во реално време е полесно како никогаш досега.  Capture View Mode[5] им овозможува на корисниците да гледаат фотографија или видео кое штотуку го снимиле, додека можно е и да се прегледуваат и петте последни снимки на долната половина од главниот екран, но и да се прикажува изгледот на идната снимка на горниот дел од овој екран. Со режимот  Auto framing[6], Galaxy Z Fold2 снима hands-free видеа, при што актерот секогаш ќе биде во фокусот, дури и ако се движи. Тоа овозможува многу квалитетни сминки од танцувачки потези или тренинзи, без потреба да се држи уредот во рака.

-Нови креативни можности –Сега и фотографот и фотографираната личност можат да учествуваат во создавањето на фотографиите, чиј preview се гледа и на надворешниот и на внатрешниот екран благодарејќи на Dual Preview опцијата. Дополнително, благодарејќи на флексибилноста на моделот Galaxy Z Fold2, сега се можни поквалитетни селфи фотографии со задната камера, при што надворешниот екран служи како приказ на идна фотографиј. 

-Функции на Flagship камерата –Камерата наGalaxy Z Fold2 нуди перформанси на flagship телефон. Со Pro Video mode[7], Single Take[8], Bright Night[9] и Night Mode, Galaxy Z Fold2 им помага на корисниците секој момент да го забележат во врвен квалитет.

Максимално зголемување на продуктивноста

Galaxy Z Fold2 ќе им овозможи на корисниците врвна продуктивност со напредните мултитаскинг можности и едноставно користење.

-Подобрени мултитаскинг алати – Со напредниот Multi-Active Window[10], корисниците можат полесно и пофлексибилно да го контролираат распоредот на вклучените апликации на екранот, додека сега е можно и истовремено отворање прегледување на повеќе документи во иста апликација.[11] Подобрената Multi-Window Tray овозможува отворање на повеќе апликации со помош на функциите App Pair и Edge Panel, додека drag and drop[12] опцијата служи за едноставно преместување на содржини, како текст, фотографија или документ, од една во друга апликација. Split Screen Capture служи да им овозможи на корисниците да го префрлам sreenshot-от од една во друга апликација.

-Персонализирано корисничко искуство –Во одделот Подесувања, корисниците можат да изберат интерфејс на главниот екран во склад со своите потреби.[13]

-Оптимизиран приказ на апликации – Корисниците сега можат да го оптимизираат и да го унапредуваат и визуелниот сегмент на омилените апликации, вклучувајќи ги Gmail, YouTube и Spotify. Главниот екран овозможува да се доживеат апликациите на Office во Microsoft 365 исто како на таблет. На пример, корисникот може да користи Microsoft Outlook како на таблет, со Inbox делот на лева страна и новите мејлови на десна. Исто така, може да креира документи во Microsoft Word, Excel и Power Point програмите, со toolbar како оној на компјутер.

Galaxy уред со предности од партнерствата со компаниите Google и Microsoft

Низ долгогодишното партнерство со компанијата Google, Samsung постави екосистем и за уредите на преклоп, додека благодарејќи на партнерството со компанијата Microsoft, корисниците на телефонот Galaxy Z Fold2 можат да бидат продуктивни и ефикасни.

Потпирајќи се на долгата традиција со врвен квалитет, Samsung повторно ги поместува границите на иновациите и инженерството. Со моделот Galaxy Z Fold2, корисниците добиваат уред со целодневна батерија од 4500mAh[14] во комбинација со супер-брзо полнење[15] што значи дека не треба да се грижат дали уредот ќе се испразни. Овој модел нуди и можност за безжична конекција Samsung DeX[16] заради подобрена продуктивност, додека технологијата UWB (Ultra Wide Band)[17] интегрирана во уредот овозможува брзо споделување на датотеки, фотографии или видеа со Nearby Share[18].

Galaxy Z Premier услуги

Со Galaxy Z Fold2 корисниците ќе можат да пристапат на Galaxy Z Premier услугите: посебна поддршка на корисниците на овој уред[19], сега ќе биде полесно од било кога да се закажат состаноци, да се поврзете еден-на-еден со експерти и да откриете целиот потенцијал кој го нуди Galaxy Z Fold2. На корисниците со купувањето ќе им биде обезбедена и посебната еднократна Samsung Care+ заштита заслучајно оштетување во рок од една година од датумот на купување.[20]. Исто така, корисниците на Galaxy Z Fold2 ќе имаат најквалитетно мобилно искуство благодарение на гарантираните три генерации надградби на Андроид оперативниот систем.[21]

Достапност

Galaxy Z Fold2 ќе биде достапен од 18-ти септември во Мистично Црна и Мистично Бронзена боја, на околу 40 пазари, вклучувајќи ја и Македонија. На домашниот пазар ќе се продаца по цена од 123.999 денари.

Повеќе информации за Samsung Galaxy Z Fold2 се достапни на  https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-z-fold2/.


[1] Мерењата на екранот се дијагонални, а реалното видливо подрачје е помало заради заоблените агли и пробивот на камерата.

[2] Galaxy Z Fold2 може да стои самостојно под агол од 75 до 115 степени; поширок распон може да им биде достапен на корисниците во зависност од опкружувањето.

[3]Flex mode ги поддржува Samsung апликациите (Camera, Video call, Gallery, Video player, Clock, Calendar, Calculator) како и други апликации како што се YouTube, Google Duo и новите апликации кои што допрва ќе бидат објавени.

[4] App Continuity функционира со одбраните апликации; бројот на компатибилни апликации моќе да се зголеми брлагодарејќи на програмерите од трети страни

[5]Capture View Mode е исто така достапна кога е целосно затворен. За уда се користи, притиснете “Capture View Mode” лоциран во десниот горен дел од интерфејсот на камерата.

[6]Кога тројца или повеќе луѓе се детектирани, рамката се одзумира. Достапни се предна (широка) и задна (ултра-широка) камера. Растојанието што може да се следи е од прилика 1.5 - 2.5 метри.  а тр достапWhen more than 3 people are detected, the frame zooms out. Front (wide) and Rear (Ultra-wide) cameras are available. Trackable distance is approximately 1.5 - 2.5 meters. Ова машински алгоритам за учење детектира човечко лице за да го следи движењето на предметот.

[7]Galaxy Z Fold2 не поддржува снимање на видеа во 8K (4K макс).

[8] Single Take фотографира слики и видеа до 15 секунди.

[9]Само за широкоаголна задна камера.

[10] Корисниците исто така можат да користат  на Cover Screen со два прозорци поделени хоризонтално. Multi-Active Window работи со избрани апликации; компатибилни апликации што се развиваат преку девелопери од трета страна.

[11]Моментално е достапно со апликациите Samsung Notes, Internet, Myfiles и Microsoft Office 365 апликациите, за различни команди

[12] Drag and drop опцијата функционира со одредени Samsung апликации вклучувајќи ги Gallery, Internet, Message, Myfiles, Samsung Notes и други како што се Office спликации со Microsoft 365 пакетот, Microsoft OneDrive, Microsoft Outlook, Gmail, Chrome, Google Maps

[13]Достапно на 11 Samsung апликации, вклучувајќи ги Message, Contacts, Phone, Myfiles, Internet, Calendar, Clock, Video call, Reminder, Calculator, AR zone, потоа Google aplikacijama – YouTube, Gmail, Google Maps и Microsoft апликациите, вклучувајќи ги Microsoft Outlook, и другите апликации од трети страни, како што е Spotify.

[14] Независно проценето според просечниот кориснички профил од страна на Strategy Analytics во периодот од 25.07.2020 година. до 04.08.2020 година во Велика Британија на верзија SM-F916 и стандардни поставки, користејќи ја мрежата 5G Sub6 (не е тестирана на мрежата 5G mm). Траењето на батеријата може да варира во зависност од мрежното опкружување, корисничките навики, фреквенцијата на повик и други фактори.

[15]Кога се користат полначот и кабелот шро се добиваат со уредот

[16] Безжичната врска Samsung DeX е достапна само на паметни телевизори што поддржуваат пренос на содржина на телефонскиот екран. (За оптимално искуство, користете паметни телевизори Samsung лансирани во 2019 или подоцна)

[17]Достапноста на UWB функцијата може да варира во зависност од пазарот или прописите.

[18]Nearby Share може да варира во зависност од пазарот или операторот

[19] Galaxy Z Concierge service достапноста може да варира од маркетот. Целосната информација за Galaxy Z Premier Service е достапно на Samsung.com.

[20] Samsung Care+ за Galaxy Z Fold2 бара бесплатна регистрација во текот на 30 дена од датумот откако е купен телефонот. Пеналите се применуваат во случај на инцидент за поправка, за да се бара еднократна заштита од Samsung Care + за Galaxy Z Fold2. Заштитата на покриеноста и достапноста може да варира според пазарот. Целосните информации за Galaxy Z Premier услугата се достапни на Samsung.com.

[21] Достапноста на надградбите и функциите на оперативниот систем на Android може да варира во зависност од уредот и пазарот. Распоредот за надградба ќе зависи од факторите, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на сложеноста на ажурирањето, моделот, како и развојот на пазарот и повеќе.

[1] Достапноста на надградбите и функциите на оперативниот систем на Android може да варира во зависност од уредот и пазарот. Распоредот за надградба ќе зависи од факторите, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на сложеноста на ажурирањето, моделот, како и развојот на пазарот и повеќе.

*Сите спецификации и описи дадени овде може да се разликуваат од реалните спецификации, Samsung го задржува правото да ја менува содржината на оваа табела, вклучително и функциите, спецификациите, GUI, сликите, видеата, придобивките, дизајнот, цените, компонентите, перформансите, достапноста, можностите и други информации за производот, без претходна најава.